Бидејќи и јас барав некои специјални уствари гледав што се нуди, не наидов на такво нешто и купив на барила како што купувам и за нас а во ДМ земав едни био ама се без јајца. Купив спирали бидејќи ги давам со сос и некако најмногу се задржува на нив.
Јас давав од ДМ, тие што се веган исто како и за нас. Имам земано и детски со форми диносаурус и зајчиња ама не се сеќавам дали се без јајца.
Мајки, почнав со воведување вкусови преку кашички. До сега дадов чист морков и морков-компир. Сакам следно да дадам ориз. Го давате чист и како да го спремам? Фала
Првите неколку пати дадов на хипп, инстант. После почнав да давам обичен, го запржУвам со морков и кромид или само морков и во рерна.
@V.N. Еве го 14 месеци, сеуште јаде блендирано/пасирано. Меѓутоа, измеѓу оброк знам да му дадам лепче, бисквита, смока, колаче....да грицка иако не е многу воодушевен. Манџичка, грав, супа со лепче си јаде. Кај нас проблемот е што тој гаг рефлекс е толку изразен, што ако нешто му засмета ќњ го поврати и јадењето од пред недела што го јадел млазови повраќа. И јас се нервирам, ама си викам барем не одбива ништо се што ќе направам јаде.
Еве ја мојава сеа таман уште 3 лажички од ручекот и остана, се испозадави и исповрати се што јадеше. Сеа не сум паметна дали е јадена или не. Инаку не одбива. А и мене матичната ми рече некои може и до 3 години вака
Види составот. Ако на едната пишува Бејбис фрст пеар значи дека е чиста крушка, ако пишува само пеар содржи ориз, шеќер... Мене ми донесоа крушк на нив пишува бејбис фрст пеар и во составот е 100% крушка, а во Зегин гледав има и оризов скроб и шеќер во обична крушка. Ама урдата ако е кравја дави, и мене ме дави, помешај со павлака или стаби повеќе јајце помалку урда.
Имам пробано со неколку готови од хип. Плус пробувам со компир морковче кромидче. Месо готовите ги нејќе. Еве денес апна ориз со спанаќ мада и тоа со кисело млеко. ))
Мајки од кога давате домат/шери домат и како го спремате и комбинирате? Исто и бадеми, лешници од кога можам да воведам?