Добивме на поклон од овие шмукалчиња со анасон. Сте давале ли? 7 месеци е бебе. Се мислам дали со некоја житарка да го измешам и да го дадам? И двете кашичка и 4+ и 5+ се чисти 100% крушка, без додатоци. Само во кајсијата и сливата има ориз и шеќер додаден.
После колку време од пробување на вкусови по 2-3 лажички нудите поголема количина на каша? Веќе една недела пробуваме вкусови по 2-3 лажички или 4-5. Истите 2 работи, посебно и заедно. Денес бебе изеде повеќе од пола мала тегличка. И веднаш коментари како е тоа премногу. Без потреба ќе го дебелиме, итн. Во план ми е следното млеко да не е цела количина туку помалку за со кашата да се избалансира.
Нека не те замараат. Од половина тегличка крушка, јаболко и слично нема да се здебели Нека си јаде бебе колку и се јаде.
Пробуваш 3 дена еден вкус, првиот ден 2-3 лажички, следниот 5-6 и третиот 10тина. Е сеа моево е лапач и ако ми дадам 2-3 лажички ништо не правам, бара уште, па првиот ден давам 5-6 лажички, следниот 10тина, а третиот од цела тегличка колку сака си јаде. На неколку внесени вкуса мешам, за да добијам во време, да не биде после без идеи да сум. Пример дадов 6 дена по ред, морков па компир, 7миот измешав, давав јаболче и тиквичка 6 дена, 7миот измешав тиквичка и морков, 8миот јаболко и морков, утре ќе давам батат, односно 3 дена ќе давам батат па слива, па ќе мешам нешто, па тиква и на крај круша и пак ќе мешам. Последно ја оставив бананата оти е слатка и верувам ќе ја сака па да не ризикувам со другите. И ми остануваат неколку дена да правам комбинации. Е најнакрај оставив кајсии и праски, нив ги заборавив, ама ќе почекам малку да излезат ако има наши, не увозни, па ќе дадам. Иначе да, од пола тегличка јаболко и крушка, слива, морков, ништо нема да и биде.
Мајки од каде земате пилешко домашно? Најдов едни во Куманово, ама ми викаат по брза пратка пуштаме. На топлово некако ми е шубе.
Мами, уште малце ќе правиме 8м., што можам да давам од овошје? Досега мали пробал јаболко, банана, круша, слива, авокадо. Педијатрите секој различно, еден дава флаерче од Хип каде што ништо не е објаснето, друг вика после 4+ давај се, гравче, спанаќ Читај, запишувај, полудев
Јас терав морков 3 дена. Па еден ден компир малку ама не и се допадна плус како нагони за повраќање имаше, а млекото после тоа го поврати, па скокнав ден, и продолжив со јаболко и денес мешавина јаболко и морков. На компир ќе се навратиме со нешто друго мешавина. Планирам на пример следно батат да речеме некој ден следна недела, со тоа што на пример прво би измешала со морков како веќе пробано, ако сака поголема количина, па некој ден чисто само батат итн. Правилно или не, веќе ко помина повеќе од половина кашичка изедена, не би ја враќала пак на 2-3 лажички. Можеби за недела или 10тина дена веќе ако јади цела тегличка мала, да го сметам и како оброк и да скратиме едно шише млеко.
Не не, не брзај. Не можеш да продолжиш со нов вкус со цела тегличка. Секој нов вкус се воведува со 2-3 лажички. Не е само за да се навикне, треба и да исклучиме алергии. Батат и морков, тиква и морков, батат и тиква, тие комбинации не ги прави, да не пожолти детето. Затоа 1м воведуваме само основни намирници, следниот месец на основните намирници ќе додаваш по малку нови и така ќе воведуваш ама тогаш веќе и поголема ќе е и ќе можеш да воведеш оброк. Не брзај сега.
Фала, ново ми е сето ова затоа толку прашања. За нов вкус не планирам цела тегличка само ново, туку поголема количина веќе пробано и смешани 2-3 лажички ново. Ќе имам во предвид за комбинациите да не претеруваме со портокаловите зеленчуци. Симнав баш апликација и бебе готвач, ќе видам и комбинации таму. Во табелата за храна од 4-6 месеци има и ориз, просо итн. Тие се воведуваат исто наизменично на пример неколку денови зеленчук, па некое овошје, па една житарка пример или за на крај да ги оставам за кога ќе е 6 месеци? @NewLife , нас педијатарот ни рече на скоро 5 месеци се што сакаме од овошје освен јагоди и цитруси. Со нејзиниот забрзан распоред до 8 месеци и сладолед ќе ни воведи . Инаку во мојов список вика праски, кајсии дека се за порано. Со 7 месеци и цреши, вишни.
Вие чинам порано почнавте, не брзај, не воведувај вкус во комбинација. Дај го прво чист да го вкуси па следниот ден измешај.
На 4+++ почнавме по препорака на педијатар. Уште неколку вкусови и отприлика да речеме на 5+ или 5++ би бил оброкот.
Не и давај само често морков, запек да не и се направи. Можеш круша да воведеш, па да мешаш батат со круша или компир и круша на пример. И со јаболко убава комбинација е. Житарките давај ги во комбинација со нешто веќе воведено. Јас ги оставив на крај. Воведов прво неколку видови овошје и зеленчук, тие што се на листа 4-6 месеци, па после му мешав со житарки.
Јас со мевце компирче морков ориз тиквичка знам да ставам. Па што знам обично земам едно да видам дали е варено не гледам на саат