Јас го правев гризот потечен и кога ќе се оладеше додавав ад со малку вода измешано, колку да не е прав па да остане некаде грутка нели.
Мајки мојава од нигде никаде пројави интерес за парчиња. Ме изненади. Пример ние кога јадеме се тепа вика по нас. Киселото млеко не го јадеше сега маф го прави. Си јаде со лепче. Колку ја држи сита тоа појма неам ама го сака. Некако не можам уште да се опуштам само парчиња да давам зошто бавно оди хранењето и не знам колку ќе се најаде така. Па дел давам парчиња дел блендирано. А пасирано никако не сака да проба
Треба да воведам жолчка 9.5 месеци е скоро и се нешто одложувам, тргнав на раб и страв ми е да му оставам на маж ми каша со јајце да не направи алергија.Ако почнам за викенд со 1/8 можам ли да дадам 2 дена едно по друго, и ако нема реакција дали да дадам преку недела по 1/4 или да чекам следен викенд?Не можам да го воведам преку вечера, страв ми е навечер.Педијатар ми кажа 1 недела да дадам 1/8 ама преку еден ден, па втора недела 1/4, па после 1/2 и потоа цела жолчка.Белка после година.
, Јас купив обични без јајце макарони и тарана од стокомак ,плус купив и едни био од дм, ке дадам деновиве, освен со к.млеко незнам со што да ги комбинирам.Сирење уште не давам , ни домат, 9.м е.
Фарма Четирце. Така се на ИГ. Јас веројатно ќе имам домашно пиле, само за бебуш. Да го сварам и да го исецкам и замрзнам во водата што се варело по теглички така? А џигерчето може да го дадам?
Мајки дадов сладок компир, ама изгледа не требаше. Има точки по телото. Арно ама у исто време и пие Амоксиклав па си викам од тоа да не е. А не го сака ич, пишти.
Може да е и од антибиотикот. Уште колку имате за пиење? Ќе пробаш утре пак па ќе видиш. Во меѓувреме консултирај педијатар.
Ако продолжи да се исфрла пушти слика на матичниот да не е некоја реакција. И не давај нови вкусови деновиве најдобро.
Боже ко прв пат да сум мајка се осеќам, со големото немав вакви стресови, уште 10 да ги изгледаш такви. Тенкју на совети!
Кога се воведува нова намирница, мора ли чисто таа да се даде само или може да ја комбинирам си веќе воведени намирници?