Можеш со сос од брокула блендирана и авокадо, мојава маф прави. Исто со грашок, спанаќ, лукче, кромид и оваа комбинација и е супер. Си правиш сама песто со состојки што имаш воведено.
Мами ние сме 7++ Вчера дадов 1/2 домашни не прскани Денес дадов 1 цела јагода Утре колку да дадам, дали може 5-6 јагоди, страв ми е од алергија Или доколку имаше алергија бебката ке појавше и на 1 јагода? Инаку ги давав чисти без ништо, дали утре може во грчки јогурт да и ги ставам?
Дајте идеја за јајце. Никако цела белка да воведам. Заглавени сме на четвртина. Не сака и не сака. Пример, кајгана како правите?
Јас ставам маслиново масло и цело јајце разматено како омлет/палачинка ми излегува ама на тивко да го правиш.
А тоа што имам дадено 4тина, може сега цела белка? Или нема врска. Инаку имам дадено тестенини со јајца и тарана, ако нешто менува.
Веќе си вовела според мене. Јас искрено првиот пат дадов четвртина омлет а веќе наредниот пат скоро цел го изеде омлетот и ништо немаше.
Нас педијатарот ни напомена кога пие антибиотик да не се дава нов вкус. Досега нема пиено и сигурно ако дојде до тој момент ќе заборавам на предупредувањето ама битно ни кажаа. Бататот 3 дена се дава чист или може со нешто да се меша? Немаме давано,а и ние не јадеме, па немам идеја како да го комбинирам. И дополнително прочитав дека може да се замрзне. Веќе замрзнат и одмрзнат за оброк после тоа да го дадам само како еден оброк т.е 2-3 лажички на почеток. Претпоставувам не може да стои за следен ден.
А зошто би мрзнела батат, цело време го има. Иначе на крај памет не ми текна на нов вкус дека пие атб. Тоа е.
Пишав еднаш, стај грчки јогурт, урда или павлака плус овесни снегулки, едно јајце, иззблендирај и пржи како палачинка. Можеш да правеш комбинации и со спанаќ или блитва. И мојава не сака чисто јајце, ама вака јаде. Денес јадеше палачинка.
Во палачинки, мафини, галети ( вафли), али најубаво ми јадеше во палента, дур се вари на крај едно јајце, и ние така почнавме да јадеме палента.
Идеја за некако да пројаде банана? Пробав позрела, помалу зрела во милион различни комбинации , чим осети не ја сака. Има некоја готова кашичка или некоја комбинација да се осеќа помалце? Педијатарпт ме советува упорност, ама иста кашичка без банана ја јаде, со ја пробува и не сака веќе..или да се откажам од бананата
Види во дм имаше повеќе комбинации со банана баш денес гледав ама заборавив со што се, сеа незнам дал имаш воведено лимон ама лимон и банана сакаат бебињата.
Педијатарот ни рече да почнам да и давам блитва, спанаќ и брокула 5++ сме вчера и денес и дадов блитва и некако шубе ми е овде читам ги давате покасно сеа незнам дал да и ги давам толку рано.
Имам домашен и спанаќ и блитва само на една хрватска група читав не се давале толку рано заради нитрати и се исплашив.
После 6 месеци можеш слободно да даваш и високо нитратни намирници зашто веќе ензимот што го враќа метемоглобинот во хемоглобин се лачи во поголеми количини. Само не давај често. И морковот е високо нитратно да знаеш, а сигурна сум дека повеќето почесто го даваме.