Слива од кога давате? Мислев дека е 4+, на еден список видов 6+. Не ми беше во план да давам деновиве, само правам планови, што и како се дава.
Па добро ако ти е страв почекај пола месец и давај. Во странство се дава што има сезонско и што имаш во моментот дома, мислам само ние тука се притресуваме. Нека не ти е шубе за досега, сигурно не си дала кило блитва, уживај.
Ама нема ни 6 нејзиното. И јас толку рано не би дала. И моето е исто 5ипол месеци. Едит: Сега видов сте коментирале и после тоа.
На тава маслиново или путер, зависи што имаш воведено и омлет од изматено јајце. Можеш исто во палачинки да го дадеш, варено па изблендирано во некоја каша…
@Alexandrite Колку што сфатив јаде парчиња. Јас правам палачинки со 5 лажици овес, 1 банана, 2 јајца и малку вода по потреба, се тоа во блендер и смесата да биде поретка од онаа за обични палачинки. Превкусни ми се вака, обични палачинки немам направено со години.
Мајки кои житарки ги давате, кои се интегрални од цело зрно? Бебе е 9 месеци давам бел ориз кочански или инстант од хип, давам просо органско на кибела, овес инстант од холе, мешани житарки од хип, палента од хип, (пробав варена органска палента од дм не ја сака, има нагони да повраќа од неа а од хип ја обожава)Дали се добри овие што ги давам, читав имало експандирани житарки, ориз просо и сл, дали се здрави тие?Бебе е со 3ка железо, а јаде 3 оброка и ужина и цица плус. Ми препорачаа и маџун гледам најмногу во Кавадрци се продава ама нели е грозјето многу прскано, колку е здрав да се даде на бебе?
Од веро, последно 1100 ден. Планирам да земам следно од тинекс околу 780-800 ден за килограм, па да го пробаме.
Дадов домашна јаготка и вцрви обравчиња. Да ги измијам и замрзнам останатите па за месец дена пак да дадам м? Е сега тие замрзнати нема да може свежи да се даваат м?
Јас од кај баба ми од двор земав свежи, ги измив и ги замрзнав. Уште не сум дала стојат во замрзнувач. А тебе ти беа свежи па ги даде? Или претходно замрзнати ти беа?
Свежи мила. Вчера набрани, домашни непрскани. Ама не му давам пак, ќе чекам еден месец. Не знам после кога ќе се одмрзнат дали треба да ги проварам малку или само одмрзнати да давам.
Ако јаде супа домашна, на крајот од варењето додај изматено јајце да се зготви Ова ти го давам како опција бидејќи мојата никако не јадеше јајце освен вака маскирано, ни омлет ни варено, само в супа и во палента изблендирано
Ме замисли и мене.. може да ги одмрзнам па да ги проварам малку пред да дадам. Ама никако да се убедам, јајце дадов цело ама од јагода ми е најмногу страв. Добро е бебче? Само осип имаше?
Да мила, само вцрви обравчиња. И јас се плашев, ама пострашни биле купечките јагоди. А на другарка од морковче вцрви и и' рекоа да паузира некоја недела.
Мајки, ај ве молам ако може потврдете ми за 8м., да не згрешам нешто -грашок, боранија, леќа, цвекло, пиперка -кисело млеко, јогурт, урда и путер (несолени) -глутен (овес, гриз) -жолчка
Леќа боранија грашак..тие таквите зрнести со се зелка ни рекоа двајца педијатри да почекаме после 9 негде. Евентуално може зрнце 2 грашок, од готова му давам, 7 сме.