Мамички дали се приготвува варено овошје дури и свежо, па дури и житаркиве овие киноа а у шо се киснат, изблендано во тегличе ставено, да се искористи вечерта или утре сабајлето.
Кажете предлог ручек за ко ќе имаат запек. Не можам ни ориз да и дадам, ни компир како основа на ручекот. Вчера јадеше спанаќ со палента и кисело млеко, не знам дали пак исто да и дадам. Неколку дена насабајле давав слива, јаболко и овесни, денес тиква и јаболко и пак има мака.
Мама сладок компир. Нас многу ни помага за кога има запек а и добар е за основа. Јас обавезно еднаш неделно кога има посен ден без месо и без јајце, му давам за ручек сладок компир комбиниран со било кој друг зеленчук.
Мојава е класика со запек, цело време. Зајче ко да имам по дома Амарант и давав јас искрено не и помогна, а многу го фалат тука. Тиквица некако најмногу ми ја сака и јас во 90% од ручеците и ја ставам па колку толку да се олесни.
Прилично лесно ни оди засега, сеуште е фан на тиквичка зелена, а сладок компир не сака. Утре ќе дадам микс компир, сладок компир и тиквичка. Да го оставам чоекот ќе изеде и цела голема тегличка зеленчукова каша, ама не го оставам. Е го фаќа сафра од многу седење, кај е тој научен да седи пола саат за да јаде, ма 10мин му се многу, да може побрзо да се изеде он и за 10мин ќе слапа се, ама мама тегави. Многу сум послободна со ова него ли со брат му. Бананата со оглед на тоа што е многу слатка и мислев нема да ја сака, одлично ја прифати. Што се тиче домашно не домашно, давал тоа што ќе најдам, не се ограничуваме со органско, вакво онакво. Не можам засега да купувам само органско па затоа фурам со тоа што го наоѓам по пазари и продавници. Вчера во Жито начекав кашички мали теглички по 59ден и купив морков и јаболче, ќе зимав и други ама имаше оризов гриз и други додадени работи па баталив. Ќе појдам после до Зегин уште некоја да набавам, да имам резерва, башка идеме кај баба па да имаме секогаш опција. Пилешко планирам Тони да зимам а за месо планирам кај Гого месара во Ѓорче да пазарам, ваљда нема да ме прелаже Гого, се познаваме. Ако немаат телешко младо ќе зимам од Тинекс, ми го фалат и таму месото.
Не се плаши, јагода како јагода не е алерген, алергија даваат пестицидите и разните хемикалии со кои се прскаат.
Како не е, од јагоди домашни како се имам осипано, лелеее, и тоа од саксија на тераса чувани, третата година откако ги имав, значи после 3г од истите јагоди се исипав. Се е до тоа колку е телото контаминирано, колку е организмот паднат...
Мислам компир и сладок компир не е баш препорачливо заедно. Има готова каша тиква,тиквица и компир на холе, мојов ја обожава.
Ќе воведувам втор оброк. Колку временски да биде растојанието меѓу оброците? Ако воведам вечера колку да има растојание со млекото пред заспивање? На мисла сум дали доручек и ручек да има или ручек и вечера.
Според мене толку мали бебиња да им оптоваруваш желудник навечер е ту мач. Јас и со првото и со ова почнав со појадок, па ручек ќе почнам следен месец и вечера на крај. Ужинки воведовме со големото после годинка. Понекогаш добиваше сокче помеѓу појадок и ручек, ама понекогаш. Цел живот ќе јадат, мора да поставиме сега добри граници и основи.
Препоракиве низ Европа се сега така, прво ручек се воведува, па вечера и доручек на крај. Педијатарот доручек и ручек ми рече. Временски повеќе ми одговара ручек и вечера затоа што после пладне има поголем прозорец на будност, па ќе има доволно растојание меѓу доење и оброк. Наутро станува во 5-6ч, цица обавезно, па за најмногу 2 саати ќе дремне и пак цица (не дека е гладен ама ај). Тука немам простор за доручек. Пред дремка колку и да јадел пак си цицнува. Доколку е доручек и ручек, оброците би му биле меѓу прва и втора дремка, односно околу 10ч за доручек, а после втора ручек, околу 13.30. Доколку би бил вториот оброк вечера ќе биде околу 17ч ( со нас би јадел заедно), а заспива после кај 19-19:30. Цела филозофија со оброциве направив
Па дај му да јаде и после нека цицне, нема да цица оно ко регулар, колку да се успие, да изгаси жед. Не знам, мене пред спиење давање храна на толку мало бебе ми е многу. Јас сега давам кашички сабајле во 9, станува во 7 цица и до 9 е спремно да мцне да проба нешто, одма цица пошто реално не му давам многу сеуште, само пробува вкусови и секој трет ден да речеме давам поголема количина малку, ама сеуште е на малку помалку од мала кашичка. Јас си влечам малку зошто реално мало ми е од сега да го тупанам храна, цел живот ќе јаде, нека совлада убаво па ќе си јаде.
Кај мене пак педијатарот вика може веќе да пробуваме и со цела каша, а тек 3-4 работи има пробано. Демек на 5 месеци еден оброк, на 6,5 месеци втор. За кај брзаме не знам. Нема да го практикувам тоа во секој случај. Пробавме опција да јаде каша околу 1/3 од тегличка изеде, веќе пробан вкус пред спиење и ништо од заспивањето за дремка. Сепак сеуште е премала и за заспивање си бара млеко. Така да и ние тераме околу 7-8 наутро млеко. После тоа на кај 10:00 неколку лажички каша, па по пола час/час максимум млеко. И до крај на денот млеко.
Абе ти остај што пишува на интернет, не сум само јас со алергија на јаготки, познавам луѓе што немале никогаш мака па наеднаш се нафрлаат. Не за џабе велат јаготки после годинка, не ги гледај новите препораки ти, алергени од 6м, бебе 6м кога ќе почне да се гуши отиде тоа, џабе се. Сум видела како изгледа и знам колку е стресно така да, не не.
Јас не сум дала сеуште јагоди, имам домашни иако наредниот месец ќе прави годинка, не планирам у скоро време да и дадам. Не се водам по тие нови препораки, матичната ми рече што може покасно тоа подобро да и дадам јагоди.
Јас си терам ко големото што ми јадеше, алергени после година, месо после 7м, глутен после 8м, без сокови и чоколина, медолина... Ем немаме некоја опасна алергија во фамилија, ама да ризикувам, не. Сум видела дете што се гуши од алергија и неќам пак.
Не е ова само на интернет, ова се новини во медицината, што се општо прифатени и се препорачуваат од доктори. Тоа што ние сме нација која многу тешко прифаќа новини е друга тема. Не ми беше намерата да пропагирам кој како и по кои препораки да се води, само споделив што правам јас и кои се новите препораки. ПС: ох,сум видела и јас и гушење и анафилактични шокови и многу повеќе.