И мене за јагодите ми кажаа по 1 година. Мислев ќе ми рече порано, како за јајцето и кикириките, ама ме зачуди за јагодите.
Не ти се мешам, ти си одлучуваш за своето дете и си знаеш најдобро, но според новите препораки, алергени се даваат до 8 месеци. Затоа што била најмала шансата за развивање на алергија. Јас месо, глутен, јајце, кикирики се дадов. Додуша со јајцето уште се тормозиме што не сака да го јаде, но тестенини дадов. За јагоди ете ми рекоа да почекам. Сакам да кажам, нема никаква поента од чекање. Ако не дај боже се јави анафилакса ќе се јави и пред 1 година и по 1 година. И во текот на животот може да се јави анафилакса од веќе позната внесена супстанца.
Јас јатките ги воведов мн рано Сигирно накај 8ми месец , преку путерите на Белина и БиоКосмос Јагоди не сум дала . Лани на 8мес ми беше страв , сега чекам нашите да созреат па да дадам. Фактички на неполни две години ќе дадам прв пат јагода Еднаш уствари дадов преку шмукалче,одпосле видов дека има и кива и јагода Ниш не му беше . Ама тие се термички обработени нели
Направив пире од компир со мајчино млеко. Може ли да се стави во фрижидер и утре да се даде ? Некако ми е жал да го фрлам, а многу направив.
Јас колку што знам компир не е препорачливо ни за возрасен подгреван, а камо ли за бебе. Јас не би го дала.
Мајки сезнајки, читав ама заборавив и сега не наоѓам баш Сирење освен моцарела кое го давате? Барав во маркет кравјо на мерење ми викаат не за бебе солено е па ме пратија по фрижидерите на салакис да земам, ама читам и тоа има сол и не земав ништо
Мајки денес бебе втор ден јадеше тиква околу 4,5 лажички, си ги лапна со сласт но после јадењето одреден период беше изразито плачлив и како вознемирен и стапалата му беа некако вцрвенети. За саат два се смири и бебе и црвенилото на стапалата но не знам дали беше реакција од тиквата. Некоја да се соочила со истото? Да пробам утре трет ден тиква или да паузирам па после некој ден пак да пробаме? Педијатар не ми враќа денес не сум паметна шо да праам и дали беше од тиквата...
Во табелава за исхрана во делот житарки 4-6 месеци гледам Ориз, палента, просо. Не ги почнувам веднаш, меѓутоа за ориз најдов на Хип во кутија. Би дала некаде кога ќе е полни 6 месеци. За палента и просо има некои бебешки посебни или истите се и за возрасни и за бебе? Кој е соодносот на палента и вода за бебе? Претпоставувам со зеленчук нешто би ја искомбинирала. Исто и просо како се спрема? Ниту сме јаделе ние возрасните, ниту знам што и колку се става. Готвењево за бебе ми испадна покомплицирано од колку за возрасни. Како цела наука ми е.
Денес и дадов прв пат сама да јаде макарони со сосче од брокула, лук и грчки јогурт, мислејќи дека се пика во уста па и ова ќе го пика, ма јок Само си гмечеше со рацете и си фрлаше па морав да земам да и испасирам за да јаде Кога ќе почне? Или треба трпение повеќе пати? Едит: до сега се псирсно и блендирано јадела 9++ е
Јас јатките ги воведов мн рано Сигирно накај 8ми месец , преку путерите на Белина и БиоКосмос Јагоди не сум дала . Лани на 8мес ми беше страв , сега чекам нашите да созреат па да дадам. Фактички на неполни две години ќе дадам прв пат јагода Еднаш уствари дадов преку шмукалче,одпосле водовњњ да еееее дека има и кива и јагода Ниш не му беше . Бадем , лешник ,кикиритки , индиски орев и ф'стак
Палента има на Хип Просо на Холе Јас давам стандардна палента и просо ко за нас, дека моево не јаде блендирано и мазно ако е, сака структура да има. Од ДМ ги земам, органски. Пишува позади на производите сооднос вода/житарка и колку време се спремаат. Палетата е за 2 минути готова, просото за околу 30 минути. Инстантов мислам само се мешаат со вода без да се варат. Количина точна не знам да ти кажам дека јас ставам повеќе, па си јадам и јас. За него гледам околу една третина да е житарка, другото овошје/зеленчук. Два-три пати ќе направиш, па од око ќе знаеш да измериш @Miss_S Да дополнам, просо земам лупено и го киснам од вечер. Има и во Зегин лупено просо.
Не бе мешање таман работа. Реално на се може да се јави алергија, баш на се. Ко денес ми е свежо и се јавија на колешка детето и се угушило, јадело банана и наеднаш се угушило. Она му гмечела без тоа во средина како црнки точки што има, ги вадела, оти некад дала со тоа и дете повратило и мислела од тоа е, е арно ама баба дала дете да си јаде сосе тоа и се угуши дете, уртикарија страшна, и од надвор и од внатре, од банана, на 8м. Колешката иначе не беше дојдена на работа дојде на кратко само да донесе нешто и и се јавија. Тогаш ја однесовме со службена кола, земавме дете, правец во амбуланта и докторката рече дека не и бил прв случај од банана, имало често случаи. Така да муабетот по новите препораки, по старите препораки, мене тоа не ми проаѓа. Бебе од 6м не може да ми каже некој дека исто ќе реагира на алерген како бебе од година. Откако го видов малото на колешката со огромни пликови во уста знам дека правила нема, и на 6м и на 6г може да појави. И ко што викаш и возрасни може да јават алергија, јас на 9г имам јавено алергија на јајце, зар до 9г не ми дале, ма сум пораснала на јајца јас. Правила нема, затоа гледам тоа што со децении се смета за алерген ќе го дадам подоцна, глутен исто така, зошто и јас и брат му реагираме на него и млечни производи, зошто брат му е интелегентен, ќе ги одолговлекувам колку може.
Се согласувам. Јас педијатар слушам. Сакав да дадам, ама ми рече не и сега ќе чекам. Не дека нема што да јаде.
Мами дали смеам да дадам чоколино на бебе 7++ Има 3 оброка и пие млеко на секои 1,5 часа по 80-90 мл. Ноќе станува на секои 20-30 мин да цица по 20-30 мл. Можеби вака ќе сака повеќе да пие млеко