@Jasmin@ има сега ново бебешко чоколино без шеќер, 6+ е. Сакаш млечен оброк да дадеш ако те разбрав добро? Третиот оброк можеш некоја млечна каша да даваш, не мора баш чоколино да е. Ноќе може од навика ти станува, не мора од глад да е штом има толку оброци и плус млеко пие.
Јас ориз давам обичен , палента купивам од дм и просо исто ,органско лупено (го киснам од вечер ), палента правам на 200ml вода -2 лаж палента , ориз , просо , амарант.. варам сооднос 1:3 и таман ми искача
Ние веќе имаме воспоставено 3 оброка. Сакав да дадам чоколино како ужинка, односно после вечерата т.е пред спиење да и дадам чоколино( се надевам така повеќе ќе испие млеко и ќе спие барем 2-3 часа) или премногу е за толку мало бебе?
@Jasmin@ ужинка можеш измеѓу ручек и вечера да дадеш и вечерата да е покасно. Има и бебешки пудинзи со млеко или бебешки бисквити. Јас покасно воведив трет оброк и ужинки ама си го знаеш ти бебето најдобро. Може и количински му се малку оброците ако јаде 100-120 грама.
Смоки и давам од Лино, ама не јаде многу по 2-3 смоки јаде. Исто така и давам бисквити на чинело, и од нив јаде по 1-2. За време на оброците некогаш јади 100-120 а некогаш знае да изеде 150-170. И после 1 час бара да цица (50-60 мл). Кои пудинзи се за бебе? Јас понекогаш и правам овошен јогурт со грчки јогурт и цреши свежи или некое друго овошје, ама многу не сака да јаде јогурт
Нели е премногу тоа храна за толку мало бебе? Колку повеќе даваш толку повеќе ќе бара, нема да бара помалку, му го прошируваш желудничето.
Предлог за ноќна каша а да не содржи адаптирано млеко, ако треба јас ќе ставам молзено. Вчера уште еднаш пробав гриз со млеко да дадам, целото се направи жар црвено околу уста. Не е глутен, имам дадено леб и тестенини.
Свари гриз погуст, со вода, нека олади и додај молзено. Исто и со ориз, како сутлијаш, со овесни, со се можеш исто
Мами ние сме 7+++ Денес сакам да дадам купечка тарана ( со јајце), дали со тоа се смета дека имам воведено тестенини или не? П.с. веќе имам воведено жолчка.
Тестенини не се воведуваат како посебна намирница. Ако веќе имаш дадено тоа што има во нивниот состав, можеш слободно да даваш. П.С. немаш воведено белка па со оваа тарана со јајца ќе ја воведеш.
Авокадо со што можам да комбинирам,освен со банана? Исто и урда со што да дадам? Палента и просо не сака ни да види.
Па сега не можам да се сетам одамна беше со првото, а со бебо допрва почнуваме, ама генерално може и со тиквичка, сладок компир, па понатаму и со домат, краставичка како салата. Ова што ми текнува по логика дека може. Убаво е авокадото хранливо, а и убава структура дава на кашите.