Од вчера почнавме со вкусови, на 4++,ама матичната и тоа што читав само повеќе ме дозбунија и терам по старски. Вчера им дадов јаболкова каша да пробаат, дечкото плаче, девојкава се кисели у фаца, ама каснаа по 2 лажички. Денес апетитково излапа 6, се смее, се радува, плачеше кога престанав да му давам, а страв ми беше повеќе. Утре ни е трет ден, колку да му дадам? Мислам дека он може и 100 грама да изеде, со таква сласт си мцкаше, ама мене ми е страв повеќе да му давам. За женсково не ми е страв, она бута лажица, шише кога и е доста, ама он ќе си јаде колку ќе му дадам. После планирам крушка 3 дена, па морков, па домашна тиквичка, да не е само овошје, се надевам не грешам.
Јас мешам, а почнав со зеленчук. Дадов компир па морков, јаболче па тиквичка, банана, па слива, сега следно ќе давам тиква и ми остануваат круша, праска и кајсија. Наводно не требало компир ама дадов јас готово. Уствари и батат дадов. Мешај, јас на неколку дена чист вкус давам мешано, пример 6 дена давам чисти вкусови, 2-3 дена давам миксови. Миксовите ми се од веќе воведени намирници. Утре ќе дадам тиквица, компир и морков. После јаболче и морков, ова обожава. Поопуштена сум од претходно.
Тоа и се мислев дали да почнам со морков или јаболко, ама не е некоја разлика вака наизменично ќе одам. Морков и тиквичка ќе имам домашни за недела дена, таман бар тоа да искористам, што нема, земам готови на holle. Паметно ти текнало ова банана па слива, се плашев од банана ради запек, па така ќе им дадам, одма после бананата, слива. Само нека јадат.
Банана зрела мека го стега, слива го протерува, па ги мешам. Само по 1 ден давав чисто. Бананата прво 1 ден чиста и тоа пишував, со страв, на колешка малото од зрела банана јави алергија, после со јаболче, и слива исто, 1 ден чисто и после со банана. Супер јаде, многу убаво прифаќа досега, мало тегличе си јаде веќе. Од бато вакво муце за јадење немав отворено.
Банана и јаболко пасирате со вилушка или во блендер? Авокадо од кога се дава и како? И дали во миксовите (пример морков компир) ставате маслиново?
Јас блендирам Авокадо одма во првите намирници е што може да ги воведиш, прво чисто потоа можеш со банана пример исто во блендер или гмечено зависи како сака бебенцето и како ќе се одлучиш ти. Се става маслиново од 6 месеци можеш по 2-3 капки.
Јас се пасирам со вилушка од старт. Авокадо дадов меѓу првите намирници. На почетокот (после воведување) ставав околу 1/8, сега ставам 1/4. Маслиново некогаш ставам, некогаш не.
Што воведувате на 9 месеци? Дали сте дале боровинки и кокос? Ги има во шмукалчињата, не знам дали да ги дадам.
Мојата е 9+++ почнав на работа и татко и сите и ги подредил за ужинка, требало не требало фала богу до сега е добра
Силум прилике пасирам, немам уште блендер чекам божем да купи другар еден ама чекан се сторив. Вчера тргнав викам ќе купам јас батали, не не, остај он ќе купи рече неделава. Ај да видам де. Мене ќе ми треба таму за месо, за ориз оти сакам да давам кочански, не мелен од кутија, ама не да го правам мазен како каша туку малку да има парченца. Додуша бебе и не сака скроз мазна каша. Ами тие нели се од година?
Кокос и боровинка? Не знам од кога се даваат, но шмукалчево е за 8 месеци. Во листата не се ни набројани.
Не бе шмукалчињата мислев од годинка се сите. Ако даваш алергени порано не му се плаши, нема што да се сеќираш.
Не ги давам да шмука, бидејќи не знае, иначе сака јас да му давам. Кашичка во тегла не сака, овие ги сака. Јас ги мешам со житарици обично. Или надвор кога ќе излеземе, му давам. Не знам зошто над година би биле, кога и на нив има ознаки 6, 8 месеци итн.
Ами толку сум приметила. Додуша за бато излегоа таман кога наполни годинка, еве то 7 и кусур има уште ги тамани, ги вика сокче со цветче.
Има некој друг како мојава лебар? Абе само леб сака. Ние кога јадеме гледа и вика по нас се тепа да и дадеме трошка. И како слатко си жвака. Е проблем е што сега веќе не сака житарици и овошни каши ништо. Ни па ноќниве не ги сака баш. Зеленчукот си го обожава посебно брокула, спанаќ и слични работи. Со ручекот немаме толку проблем. Ама освен леб и кисело млеко дајте идеи за појадок и вечера.
Мамички ние сме 5+ месеци и веќе и за доручек и за ручек имаме воведено кашички. Е сега матичната ни кажа да даваме мелен ориз. Дали за вечера да го спремам, со што и во колку часот да го дадам? Значи станува сабајле, се доиме околу 7,во 9 имаме овошје, спие, околу 1 часот зеленчук и после до спиење само доење