Јас на 8++ дадов урда, грчки јогурт, павлака. До сега само тоа му имам дадено. Немаше никаква рекација. Имавме особено зимото додека беше ладно ептен проблем со атопичниот дерматит. Давам еднаш до два пати неделно или урда или грчки/павлака.
Зависи бебе како ги сака. Јас кога почнав со вкусови вадев неколку лажички во тањирче од кашичката која ми стоеше во фрижидер, да не е ептен ладно и му давав на бебе, не загревав никогаш.
Абе и мојата матична не е стара ама што знам, веројатно се држи по старите препораки. Како даде жолчка? По шема 1/8, па 1/4 итн? И кога давате четвртинки и осминки како го мерите тоа? Варена е жолчката па ја сечете?
Варена па исечена на соодветни делчиња. Потоа не ја мешав во цела каша, туку со неколку лажички од кашата тргав на страна и прво тоа го давав да го изеде за да бидам сигурна дека е изедена целата количина. Така правев со првото. На второто директно цело јајце дадов, не делев жолчки и белки. Само не се сеќавам дали во палачинка беше или директно кајгана.
Мислам дека првиот пат беше во палачинка, но не изеде многу. По ден-два дадов омлет.со урда неколку залчиња. Секако во тој период не јадеше многу, повеќе си играше со храната и ја фрлаше.
Никогаш не ја сфатив таа шема, три дена воведував како сите алергени. Прв ден осмина, па четвртина, па половина. Варена да.
За една недела ќе правиме 11 месеци. Еве неколку дена одбива храна, за цицање цица. Ама претходно јадеше три оброка,секој оброк полн тањир. Сега се тепа кога ќе го види тањирот и после само 2,3 лсжички или во подобри моменти пола каша. И става печат на уста не отвара и почнува да пишти и да плаче. После некој ако јаде леб бара лепче. Значи гладна е и се јаде. А ваму одбива храна. Ама само млекото колку ли ја држи. Што се случи зошто прави вака
Како ги подготвувате овесните снегулку и колку ставате за еден оброк? Ако се стави кисело млеко или грчки јогурт колку лажици се доволни? И со што можам да ги мешам за вечера или доручек?
Јас ставам една лажица овесни во околу 100 мл вода, може и помалку вода. Варам на рингла ептен кратко, да зоврие само и после откако ќе се излади додавам сливи, јагоди, тиква, банана, зависи што имам дома. Исто и со грчки јогурт 1 лажица овесни снегулки со едно од малите канчиња грчки ј. ( можеш и помалку мене никогаш не ми дојадува до крај) и со некое овошје по избор.
Jас 3 лажици овеени ги попарувам со врела вода ама мојот доста јаде па затоа. Грчки јогурт ставам една голема лажица.
После 6 месеци мене ми рекоа дека се воведува. На 5 месеци ми рекоа само овес и ориз. А од 6 месец ми рекоа дека можам сите житарки да ги воведувам.
Мислам дека може, бидејќи во мафин и палачинки не го јаде цело јајце туку делови од него. Да не е само цело јајце секој ден, пример цел омлет или варено јајце.
Само немој со батат секој ден, ние исто правевме дека го јаде ептен ама му стана кожата малку портокалова, па не искара педијатарот дека 2 пати неделни само може да се дава батат, морков,тиква.
Чекав ко гуска до 11 месеци зашто ми ставија чивија неписмени доктори. Немаше никаква реакција освен што 5 пати ми бојкотираа додека да се навикнат на вкусот. Сега јадат ама не им е омилено, се надевам ќе прифатат со упорно нудење. Заби, скок...истото се случуваше кај нас баш во истиот период. Се среди за недела две. До тогаш имав трема дали ќе ми пројде оброкот или не.
Што од зачини може за 8++? Досега не давав ништо, освен кромид, лук, мм, масло од репка, кокосово масло… смеам нешто да воведам веќе?
Јас кашите му ги правев со мелен овес. Земав од кам и ќе го направев како брашно. Па му правев со јаболка и слива се блендирано и се утепуваше од јадење. Исто така за по благо имав дадено и урма па се тепаше да јаде али дум ставала по 1 лажица или лажица и пол зависи од количина.