Јок, млеко и јајце не. Ни домат, јаткасти... Исто и овесот ми е сомнителен. Добро е што откако му почнав добар прпбиотик не реагира ако јас јадам млечно и јајца. Оваа недела и домат ќе почнам да јадам.
Мојата е со АД и алергии докажани на млеко и некои јатки, на краставица немаше реакција и ја обожава, секојдневно јаде. Од овошје и зеленчук само на пиперки свежи и на праски има реакција ако не се домашни поради пестицидите. Инаку нема проблем. Жолчка можеш да воведеш ако не си вовела, не е алергена како белката. Јас од белката се плашев најмногу и ја воведов на 16м, за среќа немаше реакција. Со јаткастите не брзај, доматот исто така знае да даде реакција (но поблага) поради хистаминот кој го содржи.
Омнибиотик Панда. Само ако се решиш да даваш нарачувај од Бг, таму е 30 еур. Јас на акција во Србија го земав. Овдека е доста поскап. Фала ти многу. Ќе гледам жолтка сега пак да дадам. Еднаш давав, ама постојано имаше нови лишаи и прекинав се што ми беше сомнително. Правев и алерготест и покажа слаба реакција на казеин, жолтка, белка, домат и смоква.
Супер, сечам на пола , долго парче како прст и сама јаде. Си ги чеша жлебините, средината ја јаде, се мачи гриза ама генерално сака.
Извини што ви упаѓам, ќе споделам искуство. На моето бебе пред некаде два месеца и се појави на рачето сува кожа суспектно за дерматит… Ја третирав со различни креми, пробував комбинации и слично. Ја однесов на преглед кај Проф Андреј Петров во Систина, препорака беше да си продолжиме нормално да функционираме како и до сега, само да продолжам со специјална козметика (ла рош липикар или биодерма атодерм, другите се повеќе козметички отколку медицински) и не треба да правам никакви рестрикции во исхрана, да тргам храна, да претерувам со дезинфицирање на површини ( лази и прашањето ми беше дали со нешто спец да рибам ) и дека во 99,9% од случаите е идиопатски и мултифакториелно и не би можеле да влијаеме многу, може само бебето да го “изолираме” од одредена храна и подоцна да реагира побурно и слично. Пс: сакав млечни производи да исклучам и јајце и да видам дали ќе има подобрување, но препораката е тоа. Иако знаев се од тоа што ми кажа и веќе почнав со употреба на специјална козметика, ( пробиотик уште и давам од раѓање и сл) ми требаше некој да ми каже само дека ете не си ти крива за тоа и нема многу што да направиш. Кај нас е само на едно место ама ете ми сметаше, па може ке помогне искуствово и на други што се оптоваруваат со ова.
Proso+cveklo+jabolko Ovesni+cveklo+urmi (ova moze I bombici) Drugite posle ke ti gi pratam,Sega izlezena sum ama otvori na Instagram zdravi recepti za bebe I imas tamu mnogu
Малце глупаво прашање палента дали претходно треба да се измија или дирекно се става во зовријана вода
Може некој предлог за оброк со цела жолчка до тука сме стигнати со воведување. И после тоа за белката како да давам? Или цело јајце се дава?
Пашканат ни е пишан од педијатар во листа за проба. Да го дадам чист или смешан со нешто што веќе пробал?