Фала ви девојки на одговорите. Почнавме со ручек. Бебе не е фан на јадење. Гаг рефлекс на најјако пуштен на пасирана храна. Морковче му дадов, ама се сомневам дека нешто голтна, само плука. Утре ќе пробаме со тиквичка. Вода нудев по јадење, ама ќе пробам два-три пати во текот на денот.
Знам дека president имаат несолен путер. Не сум до таму уште стигната, ама мислам дека тој би го користела за бебе.
Здраво мамички. Имам непрскани круши, па сакам да прашам дали има начин да ги подготвам на некој начин испасирани и да стојат подолго во теглички, како зимница? Бебе ќе почне со дохрана негде после 1 месец.
Нели можеш да ги замрзнеш? Миеш, лупиш, сечеш на парчиња, вадиш семки и замрзнуваш. Можеш и да ги свариш, да ги пасираш, да наполниш врели теглички и да ги пастеризираш во рерна. Но мене ова ми е покомплицирано.
Мислам замрзнати ќе потемнат. Не ми текна дека може да се варат. Како сок валда. Ќе пробам така, покомплицирано е ама па кога имам веќе сакам да ги искористам. Ти благодарам за идеата
Можеш изрендани во тегли и во рерна. После ти се спремни. Мајка ми вака направи лани и имавме кога почна да јаде домашни. Горе потемнува колку еден прст од теглата ама тоа секако фрлам, другото си е ок.
Ти благодарам. Прогуглав имаше доста рецепти со варење, па ќе пробам така со крушките, од малечките се не се баш за рендање. Понатака друго овошје ќе пробам на овој начин, па за следна година ќе знам како е најдобро. Иначе ова ако ми успее, би ми било олеснување и за по пат кога ќе одиме негде, во план ми е да пробам и со зеленчукови каши
Ако се смета така , тогаш уште на 7 месеци сум вовела Матичната кога ја прашав ми рече не, морало посебно зошто во кифлички , макарони има незначителна количина. Јас и дадов прво пола во палента, па следен ден цело јајце излапа. Ама , сметам ако дало реакција ќе имало и од малкуто од кифличката.
Ако мислиш на крушки петровки тие не можеш никако да ги конзервираш, се распаѓаат. Дефинитивно ќе дала реакција уште од кифлата,особено ако веќе јадела добро, изела бар пола кифличе.
И јас не ги знам по сорти ама чико гугле покажува и крушки петровки. Мада мене не ми се распаѓаат баш убаво се сечат. Ќе пробам мала количина денес/утре ќе видиме што ќе испадне
Кажете некој сос за со макарончиња? Не сум прашала од кога може свинско за да јаде од нашето болоњезе
Мајки, сол и зачини кога воведовте? Дали мора после година? Мојата е 8 месеци. И ако нема сол или вегета не ја јаде храната. Како блуткава и е и ја одбива.
Јас со јунешко правам болоњезе. Инаку свинско мислам после година го водеа кога воведував за големиот. Сега не знам не сум до таа лекција, уште сме на основните намирници.
Има и крушки. Во водата ќе се распаднат, ако додаваш вода, ќе се разлигават. Нит вегета нит сол, ни после годината вегета, ни под разно. Сол до годината не смее поради оптеретување на бубрезите, а вегета бидејќи содржи натриум глутаминат, најлош адитив а и големо количество сол исто така.