Направив малку, 4 теглички, убава кашеста смеса добив. Мн беше густа па додадов малку вода. Пак е густа ама ако е успешно кога ќе ја давам ќе ја регулирам густината со други намирници. Останува да видиме дали е успешно или ќе се расипе
Јас од летно-есенски круши правам компот, ама додавам шеќер, за нас, за бебо не ми се дава така. За бато кога беше бебе мрзнев се зошто во бош време дававме дохрана немаше ништо убаво.
Би требало да има круши кога ќе почнеме со дохрана но нема да имам од овие органски затоа ми беше мерак да пробам. Како што кажав ако успешно се конзервира ќе можам во секое време да имам спремна каша кога ќе патуваме или подолго време искочиме од дома. Иначе секогаш сум за свежо подготвена храна за една употреба, тоа најчесто го практикувам и за нас дома
Мајка ми на ќерче и правеше така , праски, круши, дуњи, минимално шеќер од кафениот , само наросуваше ,што убаво ни се најдоа
Колку често се даваат житарки во појадокот? На пример денес проба ориз со овошје. Неколку часа веќе нема реакција. Утре пак да дадам ориз или 3 дена со ред. Па правам пауза од житарки или може со друго да се продолжи? Ни остана просо за проба. Првиве ги давам инстант од кутија, па за натаму ќе видиме, ќе комбинирам. И од кога ќе проба од листата почетна се. Со овошје/зеленчук секој ден додавам житарки или е премногу тоа така?
Јас секој ден ставав/м житарка во појадокот . Можеби на почетокот да имаше еден ден во неделата кога појавуваше само авокадо банана и некое црвено овошје на пример . Житарките не мораш секоја посебно по три дена да ја воведуваш. Само глутен коа ќе воведуваш тогаш терај со три дена . Дотроши кутиите и почни си со цело зрно житарка Ова е само мој предлог , не дека и јас не давав инстант ,ама поарно си е сирова житарка да даваш . Исто и за оризот ќе ти дадам предлог ,многу да не го форсираш на почетокот. Заменувај го чат пат со јачмен ,булгур ..
Здраво, бебе моментално 14 месеци, од кога пробував да воведам жолчка домашна по четвртина на три пати ми се случи да повраќа 2 часа после јадењето и тоа многу лошо непрекинато едвај ја хидриравме. Последен пат беше кога имаше 9 месеци. Од тогаш воопшто нема пробано ни жолчка ни јајце. Совет на педијатарот е дека желудничето не и поднесувало жолчка дека е тешка за варење и сега дека е поголема да пробам да и дадам цело јајце во нешто како тесто палачинки и слично, дека не било тоа алергија. Вака со друга храна нема проблем јаде се и во парчиња. Совет и слично искуство со јајце дали имал некој и како да понудам повторно бидејќи од страв сеуште не се осмелувам еве веќе пет месеци
@Космополитен кај првото дете се случуваше истото. Ист совет добив тогаш да пробам после година пак, пробав и пак обилно повраќаше па правевме пауза до 3 години. Од тогаш без проблем си јаде. Пробај во нешто со помала количина, ако повраќа пак нема да даваш повторно. Кај нас како интолеранција го сметаа, на мојот му се случи повеќе пати.
Пробај но со купечко јајце, индустриско. Домашното е многу јако, јас знам да се исфрлам малку од домашно јајце, башка не се препорачува за мали деца домашно јајце.
И јас исто правам како вас. Ставам житарка за доручек со овошје а еднаш давам само овошје. И давам просо кино кус кус , кој житарки со цело зрно да ги воведам? Јачмен рж немам дадено, гледам на некој од инстан кашите пишува дека ги содржи двете, дали да ги воведам така наеднаш две во едно или треба посебно?
Амарант ,булгур ,хељда можеш исто да воведеш. Јачменот го дадов одделно јас за прв пат А снегулки од рж крупник и овесните мислам дека ги дадов две по две одеднаш
Сакам да пробам со вкусови, прашање ми е кое време еднаш во дента колку што разбрав но дали наутро или?
На почеток може и одма да побара или за кратко затоа што нема да е најадено, пробува. Се зависи колку ќе изеде.
Здраво мајки. Прв пат пишувам тука.. Дали ќе можи да ми пратите листи со намирници по месеци ако имате. Ми се избриша тел а имав многу и од првото дете рецепти се ви благодарам