Како воведувавте глутен? Нешто ми е останато со поголемиот дека првата недела давав два пати, втората три пати и така натаму? Или само давате неколку пати и следите?
Не ми текнува ич, ама мислам дека давав преку ден, денес, па задутре, така некако. Боже ко прво да ми е сум заборавила. Иначе те прочитав, и јас сум полабава, дуња и лубеница крка во она за цуцање, крка. Јаде бато крка и он.
Мајки дајте предлог рецепти за со дијареа. 4 дена кк млеко и компир јаде И млеко успеавме да намалиме само навечер пие, па давам и ужинка банана измеѓу оброци
Мајки млечни производи како воведовте? Има ли некоја шема? Количински колку иде за почеток? Мислам на производи како јогурт, кисело млеко, павлака, урда.
буквално како прво да ми е. Плус и се менуваат препораки, а 5 години се поминати. Браво за Марио. И јас банана не сум дала, ама диња лапаше и мојов. Сега ден два од вакцина и продолжуваме понатаму. Некако досадно ова воведувањево и не знам на која страна да фатам. Ама следни секако ми се цреши, кајсии, лубеница,пиперче печено планирам. Тоа што е најактуелни сега.
Од село. Ако си од тука, а немаш некои познати од село, одиш во прво блиско село во локална продавница и прашуваш дали некој продава, сигурно ќе те услужат. А има и некои фарми, фарма четирце ми искача на инстаграм ама не сум купувала. Free ranged/raised кокошки исто имам купувано, не знам каде има кај нас.
Многу е и немам лично искуство, само споделив дека видов таму. Јас мисирка толкава купив за 1000 денари од село, домашна. Пилешко имам купувано за 400-500 денари зависи кога како.
Мангото можеш да го направиш пире и да го ставиш во тегличка да даваш 3 дена од тоа. Остатокот ти ќе си го изедеш или можеш да го смрзнеш во калапчиња за мраз и да си вадиш понатака. Мене ми е досадно па да му смислувам комбинации и се исто се вртам. Иначе дефинитивно нема врска од купечко и домашно, на купечка кајсија не изреагира, на домашна кајсија изреагира до црвено газе.
Јас затоа тоа што можам давам за проба од тегла, за да знам после дали е од овошјето/зеленчукот или нешто од што ги прскаат.
Тогаш не е дијареа, ќе се среди. Најмалку 3 пати во час ако кака е дијареа. Ова е само течна столица.