Мајки какви сокчиња и давате на бебињата, моите пијат адаптирано млеко и имаат два оброка, вода се утепав од давање ама не пијат доволно. 8+ месеци се, ама прематурчиња се, корегирано се 6+. Педијатарот ни рече само вода и млеко, ама ни млеко ни вода не пијат како што треба, ми е страв на жешково да не дехидрираат, се потат доста.
Моето исто, после банана се мачеше два дена со гасови и не беше какана. Не приметив да плаче повеќе, ама се мачеше да се искака.
Зрела банана не ствара запек, напротив. Слободно дај ја. Јас ова какао и за себе го користам и за големиот го користев. Ко ќе ми текне колку јадеше житарки со какао и урма, нутела права.
Мојот беше воодушевен од бананата додека не проба брокула Тогаш му се скара на бананата и на секое поблаго овошје. Сега кога ручаме ние, а се погоди да е буден тогаш, го седнувам на хранилка и му давам китка брокула да се занимава. И така ние ручаме на раат, а тој пресреќен, јаде и пее.
Урми од кога дадовте? И што друго има за воведување од 9+? Не знам што не сум вовела освен мед и кикирики
Второ дете си е второ дете. Скокаме дури и прегледи, нешто што со првото шанси немаше, минути броев до преглед. Сакам да воведам авокадо, модар патлиџан, патлиџан и пиперка. Ќе ги почекам овие домашните, не авокадо де, тоа купечко. Да наполни 7м ќе воведам глутен и млечни, маслиново и путер. Мора за месец дена поише работи да пројадеме зошто мајка не сум сигурна колку ќе успее да го нарани. Гравче, боранија, леќа, грашок, ќе дадам следен месец. Е за мевце ќе прашам утре, најверојатно мевце ќе дадам сега на 7м пилешко, телешко, мисиркино и зајачко. Исто и јајце се прашувам кога, дали со полни 8 или порано, жолчка, за белка после годинка.
Мене ми рекоја патлиџан и модар патлиџан да не давам толку рано ама сепак то си знаеш. На 6,5 воведов телешко, мисиркино и пилешко. Грав и леќа ми рекоја можам во кашата по две три зрнца да додавам за да не се оптерети стомачето наеднаш. Жолчка на 7 и пол почнав да воведувам, а белката ќе ја воведам на 8м, не планирам да чекам после годинка.
Дилема демек многу битно. Што кога бебе не ја јади или сака кашичката? Пред два дена проба праска од купечка кашичка и ја изеде. Ајде вчера слична комбинација ама дома спремена. Претпоставувам испадна покисела и освен две три лажички со мака, не касна повеќе. Вчера веднаш после тоа дадов друга кашичка што знам дека ја јади, за да се важи за оброк. Е сега да не се навикнува така и да не испаѓам јас како бабите ако не сака манџа може чоколадо , дали е подобро да нудам друг оброк само да е најадено или да ја оставам така 30тина минути, па да дадам млеко. Сега за сега на 6 месеци не верувам дека ќе има некое влијание ама за понатаму кога ќе е поголема и ќе разбира повеќе. Инаку не ми менува дали јаде купечки или сите каши домашни.
Ако не му се јаде нешто, давам друга каша. Поарно да јаде нешто отколку да скока оброк. Забележувам зашто не јадел и ако сумњам дека нешто не му се допаѓа, на следно давање ставам помалку од тоа.
Многу ми е чудно ова со брокулава. Исто како вас, знам еден куп други деца што ја обожаваат, а мене ми се лоши на помислата. Уште не сум им дала, имаме домашна, баба им насадила еден куп, па ќе има и за играње Ама многу се смешни кога им се допаѓа нешто, со такви некои звуци на воодушевување.