Воведов кога веќе почна да го јаде едниот оброк солидно. Можеби дека мојата беше нејадачка па затоа. После месец дена од прв воведен.
Што знам, мислам дека сме добри. Не гледам грамажа, колку што сака толку му давам, ама ми изгледа дека е супер. Ако е така, нешто пред 7 месеци ќе воведам втор.
Нас со 7 ни воведоа ручек. Воглавно готвам дома. Купувам каши ептен кога сакам да одморам или сме надвор . Од тоа што периодов нема ,тиква на пример купувам на Холле, друго све дома правам.
Ова е сосема ок. Јас вчера дадов половина, а претходно два пати дадов осминка и решив да го убрзам процесот и да преминам на половинка. Си изеде и немаше никаков проблем. Денес ќе паузираме, а утре или во сабота ќе му дадам цела жолчка. Не се плаши, види како првично реагира и терај.
И јас планирам вака да давам, осминки, шеснаестинки, тоа не е за мене. Денес ќе барам од докторката некој убрзан процес, после 7м да ми каже што да внесам. Греотички е имаме дома брдо непрскан патлиџан, пиперки, краставички, модри, малини имаме смрзнато може 10 кила домашни непрскани, кај и да е ќе дојдат и капините и боровинки, греота е да седат во замрзнувач и да не ги изеде дете. Ако ги сака, со каков ентузијазм почна, што убаво јадеше, сега со молење. Додуша не јаде малку, убаво јаде, ама со бунење и со кенкање, дали забот што пробива уште, дали нешто го мачи, кој да знае.
Кај мене кога му е жешко знае да протестира со нејадење, уклучувам клима и за 10 минути почнува да јаде
Ќе ја пробам финтава. Ова слушне ли блендер почнува да ќенка за јадење, му текнува дека е гладен, и не може да чека да се доправи или олади и после леле мале. Многу терсене дете.
И обавезно со јазичето си ја оближува устата и си мљацка хахха кога ќе види дека се спрема лапачкааа А леб да јаде некој пред него, ќе се испотепа за да допри до него.... @AngelOfArh @Iris-1234
Јас со ручек скоро секој пат му давам интегрален по пола рибанче ама само средина, без кора. Мојот јаде парчиња, каши многу ретко. Му го раситнувам срединчето од лебчето на парченца и му ставам по едно пред него на хранилка и со прстињата си зема и става во уста. 10+++ е. Едит: и со урда некој пат така раситнет му го мешам, така иде помеко за јадење.
Нормално е да фрла, фаза е. И мојот фрлаше многу на почетокот, сега фрла кога ќе се измори џвакајќи, па после пак продолжува да јаде. Оставај ја сама ќе престане да фрла толку многу по некое време
За доручек вафла доби Среќен пресреќен. Бутка во уста, цела да можеше ќе ја напикаше. Тој се тресе од радост, јас од страв Добро помина, вишокот го исплука. Јас му давам сам да јаде околу еден месец. На почеток кога почнавме со дохрана пробав исто сам да јаде по малце, ама ми се задави со банана. Поголемо парче одгриза и го голтна од лаком што е, па паузирав малце, па почнав пак. Сега веќе има повеќе осет. Брокула и карфиол така китки му давам. Авокадо поголемо парче сечено, исто и тиквица, батат така му давам. Месо на подебели ленти сечено. Јагоди, малини, боровинки, цреши, вишни малце подзгмечени. Паралелно и јас му давам од оброкот грубо пасирано со вилушка. 8 месеци е моево. Вафлата беше со банана, овес, јајце и после додадов вишни. Жолчката ја давав по шемата горе, 1/4, 1/2, 3/4, и цела преку еден ден. А сега ставив цело јајце, ама си ги поделивме вафлите
Јас ја сечам кришката на фингер бајтс, мачкам со грчки јогурт и јаде сама. Со јогурт се ни поминува инаку не јаде ништо
Кога почна парчиња да даваш со што најпрво почна? И како се справи кога се задави со банана? Мојот има две запчиња доле и кога пробав банана да дадам ми одгриза исто големо парче и го плукна ама јас во моментот ќе умрев. Многу е лаком и не знам дали разумно ќе се однесува со храната да не збута се во уста
Јас непоканета ќе одговорам Почнав со печен компир исечен на долго како за помфрит што го сечеме. Тој со раката си го правеше како пире и така јадеше, некако нај нестрашно ми се виде на почетокот. Преку 2 дена му давав вака за да се вежба, по две недели веќе беше подобар и почнав да давам и друго
Иста бев, многу имав страв од давење. И мојот е лаком, одма ставаше цело парче во уста. Ќе се изненадиш колку брзо учи