Да. Мене лично ми е најлесен на желудник, тој од Кри кри, розевиот, знам дека за бебе е пожелно фул масленост ама тој ги имав.
Слободно да им јас и дадов и слива и кајсија меѓу првите а почнавме на 4 и пол иначе тогаш немаше ни сливи ни кајсии и и дадов кашичка од дм слива и јаболко и кајсија и јаболко ако се одлучиш готова да им дадеш препорака од дм супер се кашичките.
Јас до сеа немам јадено грчки јогурт и не се разбирам многу многу од која фирма е најдобар за бебе грчки јогурт знам дека во кам има грчки јогурт и од млечни производи со што се почнува најпрво?
Тој во Кам ми ствара киселина, не можам да го јадам, овој на Кри кри ми е убав. Го зимам во Тинекс. Мене ми е во исхраната неколку години и редовно така да дома тоа имав и тоа почнав. Се почнува со урда, јогурт и кисело млеко. Мене ми рече и путер. Дека не напредува баш баш најсјајно малку да подбутнеме.
Уште ова и не те замарам повеќе дали можам да правам домашно кисело млеко или тоа нема да е полно маслено како што треба за бебе да е и од киселото млеко помешано со вода да ми испадни јогурт или не можи вака како што имав замислено.
Може зошто да не. Ќе го зовриеш само млекото па ќе го оладиш. И урда можеш да си правиш ако имаш домашно млеко. Не мора да е купечко. Само да ти е безбедно млекото де.
Sega Koga ke pocnam so kasicki kolku grama na den treba I po kolku Pati 6m bebe? Pedijatarot e na odmor a Sega treba so soleni kasicki da pocnam?
Не постои солена кашичка и блага кашичка, постои зеленчукова и овошна. Немојте никако сол и шеќер да додавате. Почнете со тиквица, морков, компир, батат, тиквица, тиква, после овошките јаболче, крувче, слива, кајсија, праска, банана... Првиот ден 2 до 3 лажички, следниот ден 4-5 и третиот ден дајте му 10тина, тоа е некое правило кое повеќето доктори го препорачуваат. Таман ќе си дојде докторот од одмор додека пробате се и ќе ви даде совети за понатака, во принцип после ќе воведете уште оривче, палента, брокула, карфиол, блитва. Имате месец и кусур за овие намирници. Да ги речеме основни. После мевце, млечни, глутен, ама тоа откако ќе воведете се од основните намирници. Јас мислам дека си го најдов чарето со ладните каши. Ладна каша ја јаде цела, топла не. Од утре ќе пробаме мевце па ќе видиме како ќе ни оди. Денес ќе го сварам цело и ќе го поделам по теглички.
@AngelOfArh , по колку месо се става? Поназад сме ама да земам да сварам совреме. Читав некаде 50гр. Е сега толку варено или толкаво парче неварено? Ама нели би се намалила грамажата со варење.
Ти одговорила @AngelOfArh. Јас една намирница воведував 2 дена. После секоја нова намирница мешај ја со веќе воведена за да му биде повкусно на бебуш. Во кашите може да додаваш мајчино млеко или АД за да му биде покремасто и повкусно.
И мојот сабајле ладна ја сакаше кашичката ама не можам да се разберам со свекрва ми (кај нив на гости кај нив сме). Ладна каша да не сум давала, клима да не пуштам и само се расправаме. Луѓе надвор е 40+, да го свариме ли детево? Значи и шишето вода го ставив малце во фрижидер, па пред да му даде зема да го клацка за да се стоплела водата, викам дај му од водата 15минути беше во фрижидер ништо не му е, не не смеел грлото ќе го фатело
И мојов неќе топли каши, само ладни ги јаде. Ти прави си како мислиш они нека си зборат по нивно и на игнор, како без клима на топлово не се издржува
Тој си ги јадеше топли ама сега 2-3 дена на жешково ги одбива ако се топли Е ајде де, како без клима, ќе дехидрира детето од потење на жештините.
Јас на моево му давам подзамрзнато овошје во оние како цуцли шмукалчиња. Мајка ми кога виде мислам во несвест ќе паднеше. А тој ужива, ем јаде "сладолед", ем си лади непца