Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    Кажи и дека до годинка не може да фати грло џабе се треска од земја. И кажи и дека една од форум на детето му давала млеко директ од фрижидер и никад детето не и фатило грло. Она би добила инфаркт со мене, бебе под клима само по пелена седи, пукна баба да го облечеме и нормално не спиеше зошто му беше жешко нели и кога го соблеков и заспа му натна тетра ова одма стана. Се смееше, вика извини ама ете таква сум, и реков епа сеа ќе си чуваш у раце цел ден и пак после покривај го.
    Еднаш на ден, еден час после доење. Наутро прво цицање, па кашичка да проба. На почеток ќе цица брзо после тоа зошто нема сменето оброк туку само пробува, кога ќе проба се ќе му даваш оброк и ќе менуваш цицање со оброк. Пробувате вкусови само наутро, да има време ако појави рекација.
     
    На snowqueen и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  2. Greenturtle

    Greenturtle Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Како ги поставувате бебињата да седат кога започнувате со воведување цврста храна на 4 и пол или 5 месеци?
     
  3. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Касно гледам а веќе ти одговориле.
    И јас воведував по 2/3 дена.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам офф топик ама морам да си кажам пошто вчера жичките ми ги спои женава.
    Бевме кај нив отидени на викенд кај нив и излеговме со мм вечерта на еден саат, а бебе заспано и го оставивме. Пошто е во 6 скок и плус е жешко и кажав дека може да се буди со плачење ама не е страшно.
    Се враќаме и ми вели, страшно беше, се откорна од плачење и јас се вртам гледам температура во спална 31 степен и и викам нормално ќе плаче нема воздух в соба и ми вели не не, нешто друго го мачи (а башка што ја тргнала тетрата и буквално го завиткала со друга покривка). Си преќутев.
    Се средувам за спиење и ја слушам на мм му вели многу го шетате затоа плаче и почнува да му шепка нешто. Збеснав.
    Викам цел викенд само до кај моите бевме, тоа ти смета? Па викам ни тука не доаѓаме веќе ако многу го шетаме и готово. И почна нешто да се правда дека јас криво сум сфаќала ама касно беше, лом се направивме. Мм после се расправаше и се оправдуваше дека недоразбирање било ама џабе, не вреди.
    Доста ми е веќе, мора на секое да слушам како нејзините роднини се најдобри родители, не пуштале клима, не им давале ладно, не знам ти што... Како не и е јасно дека не ме интересира за туѓите деца, јас знам најдобро што да правам со моето дете.

    Извинете на офф топикот ама ќе пукнев ако не кажев. Цела ноќ не сум спиела од нервоза.

    Едит: Од ко ја разладив собата, бебе не мрдна цела ноќ, се изнаспа.
     
    Последна измена: 24 јули 2023
    На Ив10, Anele_k, Doktor F и 8 други им се допаѓа ова.
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    6.794
    @strelec231992 безглутенските житарки јас ги воведував само по 2 дена. Не ма потреба 3, и на бебе му здосадува едно исто.Мојот обожаваше просо.Го комбинирав со овошје најчесто.Многу убава текстура дава. И само цело зрно гледај да даваш најхранливо е.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ние купивме хранилки 0+, се спушта наслонот во убав агол да не седат, туку како полулегнати се и одма ги засакаа. Пред тоа во раце ги храневме и се боревме, во хранилкиве обожаваат од прв ден, многу се радувам што ги прифатија убаво. Исто, ако имаш перница за доење можеш и во неа да го легнеш бебето, и во таа положба убаво ќе јаде.
     
    На Greenturtle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Исто сестро, исто. Цел викенд се расправам со мм да и објасни, затоа што мене не ме слуша, како невидлива и сум. Водата што им ја давам за пиење, зошто била директно од шише, требало да се преврие, па топла да им дадам. Они ни на собна ако е, не ја пијат, не па згреана. Зошто сум им давала млеко со ладна вода, кашичките не сум ги греела, па зошто повеќе готови сум им давала, отколку дома правени. Како да и објаснам дека на 42 степени не ми се уклучува шпорет, и така се вариме, ако уклучиме клима, суптилно ни ја гаси и одма ги носи маливе во друга соба. Ни затвора прозори ноќе, ако биле на кип ќе настинеле, дека ги бањаме навечер, а тоа што надвор и ноќе е по 27, 28 степени не гледа. На другите внуци ништо не дава од фрижидер, се им загрева во микро:wasntme:, еве ги по 4, 5 години се, не знам како може сладолед да јадат. За заспивање, само во корпи во количка, а таму е пекол, жива вода стануваат. Најлошо, не се ни кара со мене, ме игнорира ко ништо јас да не знам, они одгледале деца пред 40 години и само така е правилно. Ни знам да ги чувам, ни да ги хранам. И нонстоп муабетот, цицај баба палче, ко нема млекце кај мама да цицаш. Ќе се отрујам. Одвај чекам да се преселиме, ќе бидам сама со двете, ама нема да ги гњавам со топло, прејадување и да се цели исфрлени од пот.
    Едит...за авокадото душа ми извади. Она тоа не давала на нејзини деца, не било од наше поднебје,ни вкус ни мирис имало, а многу било скапо. Другите внуци ич не го јаделе, се мрштеле. А моиве па, ко за инат го обожаваат, најубава текстура добивам кога ќе додадам авокадо, плус ни се вари ни ништо и децава радости. И викам не се секирај, ако не е од наше поднебје, може ќе се преселат некаде каде што само тоа се јаде, нека го навикнат сега.
     
    На DaftyCrafty, Leanne, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Јас моите во релаксатори ги ставав на почеток.
     
    На Greenturtle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Леле рака ви давам за нервите што ги имате и го трпите тој терор, јас тоа би избркала за 24часа. Маж за се ме прашува дали е ок така да направи а не па други. И јас живеам во иста куќа инаку, ама не смее да влезе ако не е повикана, пошто исто се претеруваше со давање памет, мораше да се пресече. Мои деца се, како знам и мислам ќе си ги чувам. И собрав се на куп и од тогаш си има ред, немам јас ама ич нерви за да се трошам на вакви глупости.
     
    На Pocahontas.93, strelec231992 и Tess36 им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    99.188
    Имаш хранилки со наслон на 5-6 нивоа, на почеток во полулегната или легната положба. Јас од старт така ја ставав, најпрактично е.
     
    На Greenturtle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јака ти душа, толку ќе кажам.
    И знам дека милион пати подобро ќе ти е да се мачиш со двете по цел ден отколку цело време да те напнува некој.

    Ние среќа не живееме со нив и одиме повремено ама и тоа одење низ нос ќе ти излезе...
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    Боже она да дојде кај мене инфаркт ќе ја мавне од одма. Промаја, клима, голо бебе, се на куп. Ладна каша па, намерно ја ладам пред да дадам да јаде, во замрзнувач на кратко да се олади па така давам. Покриено спие само ако спие на клима и тоа со најтешкото чаршавче што го имам колку да не го лади директ. Јака ви душа и на двете со @Tess36
     
    На DaftyCrafty, Tess36 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Убаво си пресекла. Камо да можев, ама со овој командосов тешко. Се тешам дека само уште кратко сме тука додека ни бидне станот, па после нема да може да доаѓа и да паметува. Како ќе знам сама ќе си ги гледам.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    Имате варено да вакумирате мевце во оние теглички од Нутрино каши и Холе каши? Тие имаат убави капачиња.
     
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас и во Хипп тегленца ставам и без проблем убаво се затвора и се вакумира.
    Секогаш варам мевце за една недела и така го вакумирам и мрзнам и супер функционираме.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поважно од мирот па макар и да се откостиш од работа.
     
    На Tess36 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.116
    Пол:
    Женски
    Да, убаво се затвораат.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.305
    Пол:
    Женски
    Супер,фала на одговори женски ќе сварам после се наеднаш. Имам убаво телешко за 6 оброци и мисиркино за 5 оброци. Денес прв пат јадевме мисиркино, ми личеше ептен дека е заинтересиран и слапа убава количина, цела голема каша, ама првата фаза кога проба му беше прајслес, у смисол Па кај беше до сега со мевцево :D
     
    На Doktor F, danichap, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Greenturtle

    Greenturtle Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Уште нешто, дали готовите купечки каши ги загревате или можи и така на собна температура директно од тегличка да се даде?
     
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    69.683
    Пол:
    Женски
    Јас не ги загревам :)
     
    На Greenturtle му/ѝ се допаѓа ова.