Зависи која каша. Мојот бара да се згрее само таа од дм био што е од батат, пашканат и не знам уште што беше бидејќи е многу сува. Инаку другите ги лапа без загревање само што ретко давам купечки.
И јас планирам да правам домашни, ама таман ќе почниме со вкусови и по некоја недела ќе одиме на одмор, па да ги имам како опција, да не се шетам со блендери и зајре на одмор...
Мене моиве не смеат ни а ни б да ми кажат ама затоа магнет сум за рендом тетки, зошто сум го шетала во 19 h топло било, а он во 8:30 најкасно сака да спие.. Инаку пилешко од каде купувате? За почеток најдовме некое домашно од село ама не ми е изводливо цело време од таму да се зима
За на одмор (во хотел) носев готови и јас. Тажу, за да ги притоплам ја ставав тегличката во врела вода да отстои.
На фриком замрзнат.. не е за пофалба, ама во моментов тоа ми е најдобра опција. А и готови со спанаќ на холле му давав кога беше помал
Имам домашен смрзнато. Ќе го давам тој. И блитва домашна давам. Иначе спанаќ и блитва и во саксија бива, кој може нека си насади. Не бара многу нега.
Зеленчукови каши од готовите загревам, овошни не. Ова кога давам готови. Со месо не сме почнале, а знам и тие се загреваат. За баби и останати наречници да не почнувам. Баба ми моја скоро 80 годишна, често ја посетуваме, да не е сама, па имаш многу голо детето, чекај со брашно да го намачкам против уроци, 15 минути после јадење, а вика да не е гладно детево, бар уште една каша да дадевте. Ама не замерувам на годините ми е препишано. За свекрва и мајка, цел роман можам да напишам така да не ја почнувам таа тема. За исхрана да се обезбедам со месо деновиве, па на кај август да почнеме. Да се распрашам тука кај носат свежо и кога. Ако почнеме со мисиркино, во Тинекс имам видено и како стек и мелено. Кое е подобра опција?
Зеленчукови готови досега не сум дала, дека има домашни намирници, им правам, ама млаки им ги давам, тазе сварено се. Еднаш пробаа потопла тиквичка и се мрштеа. А овошни, неотворените на собна, отворените од фрижидер ги мешам со таа на собна. Досега ништо не ми оставиле недојадено фала богу. Е сега месото кога ќе треба што викаш, не знам како ќе се снаоѓаат со мама вегетаријанец
Јас притоплувам бидејќи на самите кашички пишува дека се даваат така. Ретко давам, може еднаш во неделата купечки со зеленчук ама поинаку не сум пробала. Не ја давам топла/жешка, гледам бар 15-20 минути порано да ми е спремен оброкот без разлика дали домашна или купечка кашичка така да доаѓа како на собна температура. За овошни исто не сум дала директно од фрижидер, исто вадам пред 15-20 минути.
Блазе си ти… Јас пробувам да протнам месо на секаков начин, дури и со грчки јогурт, зошто само тоа јаде и џабе…Ме открива у секундата и плука. Мајка на нејадачка левел про.
Мене па каша без месо не ми јаде, се гади одма. За да ми јаде зеленчукова морам да протнам батат за да го залажам.
И моево е месарче. Денес ми ја фрли лажицата во знак на протест дека немаше месо Една фаца разочарана, тажна кога ми направи. Па му шлапнав од Холе кашичката пилешко оти жал ме фати.
Исто и јас. И тоа што јадеше престана. Тоа што не сакаше, уште не го сака.. се радуваме ако пола кашичка изеде
Не се сеќирај, кога дојде ред големото што 3ипол години месо не стави во уста денес да побара некое мевце со манџата, има за сите надеж. Денес вечера дадов, од радост и возбуда, гриз со мајчино, ми ја преврте кашата сосе тањир сосе се и отиде навлаката од хранилката у аут. Не е темава за тоа, ама да не знаете кај има само навлаки за хранилки?