Девојки планирам со вкусови да почнеме на полни пет или шест месеци, уште сум неодлучна, ама ќе се решам. Уште е мал 3++, ама со оглед на тоа дека во периодот кога ќе треба да почне да пробува ќе нема скоро ништо сезонско, ме интересира каква е праксата? Дали е паметно полека да почнам да си смрзнувам по нешто и што да биде тоа? Од каде купувате овошје и зеленчук, како ги миете итн? Секој совет во врска со почетоците на исхрана е добредојден зошто не сум баш упатена. Во иднина ќе следам препораки од нутриционист, ама ме интересираат и вашите искуства.
Ма пројаде она ама све е нешто со мољакање, изигравање циркузант, правење триста глупости кога јаде. Нема еднаш (освен грчки јогурт јаде цело мало канче) да изеде нешто цело и со сласт да отвара уста, отвара колку едвај да протнам лажичка и од страна се да испопаѓа
Ако најдеш убави намирници смрзни си, лупени и спремни да проварат малку само колку да можеш да ги изблендираш после. Јаболче пример не мора, тоа ќе имаш таман, ама праска, слива, кајсија, ако најдеш домашни тиквици, морков, блитва, тие пролетно-летни намирници. Компир, јаболко, круша, тиква, тоа се ќе имаш на есен таман. Нутриционист за бебе, немаш потреба да даваш пари, бебе треба да јаде разноврсно и свежо, се друго е неважно.
@Bella_Stella Јас имав сочувано тиква, измиена, излупена и исечена на парчиња колку за една порција и смрзната. Месо исто телешко сварено и вакумирано во теглички, мисиркино на парчиња само и пилешко исечено и смрзнато. Грашок исто смрзнат домашен. Малини и боровинки сега купував и смрзнав. Морков исто може да се смрзне. Спанаќ измиен исечкан и во мали кесички смрзнат… Јас повеќето намирници ги имам од баби и дедовци домашни, непрскани и така како што ми даваа мрзнев. Скоро се можеш да смрзнеш. Се водев по тоа да давам сезонски намирници, не мора пример ако спанаќ е од 6-8 месеци баш тогаш да дадам ако немам домашен или не е сезона.
Ако имаш домашни непрскани намирници да смрзнеш, смрзни си. За почеток, сè треба да е варено, освен нели бананата. Се почнува со морков, јаболко, банана, тиква, тиквица, брокула, компир, батат, ориз и палента. Јас за бебе никако не би слушала нутриционист, туку педијатар. Сум одела кај повеќе нутриционисти и сите кажуваат различни правила и препораки и тоа што за еден е правилно за другиот е погубно, така што мало бебе никако не би хранела по препораки од нутриционист ама нели, секој си одлучува за своето дете.
Околу варењето на овошјето, многу често сум размислувала за ова и некако не ми оди ова да се вари, не дека е пигрешно туку кога се варин овошјето нели се губат одредени витамини? Со првото дете не се сеќавам да сум варела нешто, додуше на 7месеци почнавме по blw да се храниме и затоа не сум варела. Сум замрзнала круша ама не е тој тој вкус, чудно мириса, а топчести овошки и јас замрзнувам,малинки,борпвинки,аронија,рибизна,капинка,вишни. И моето бебе како од бела се паќа во есен кон зима да почнам со вкусови и дел од овошките ќе ги нема свежи па ќе давам сезонски. Сакав да прашам околу месото, ние имаме домашно и телешко и пилешко како оди постапката околу замрзнувањето....го варите,блендирате,па така во тегла го редите???
И по blw голем дел од овошјето се вари за да омекне, јаболка и крушка не можеш да дадеш не омекнати, ќе се задави. Месото го вариш на парчиња и го замрзнуваш со дел од водичката, не го блендираш пред мрзнење.
Мама ај како поискусна кажи ми... јас веќе смрзнав кајсии ги измив, извадив семка ама не ги излупив.. Грешка е што не се лупени а смрзнати се? Секако кога ќе ги вадам за во зима пред да се одмрзнат скроз ќе ги излупам. И онака кајсија ќе стане кашеста па планирам како смути/сокче да му ја правам.
И мојава стана нејадачка убаво си јадеше домашни каши..наеднаш престана да ми го јаде ручекот..а кога ке и дадам готова тогаш ја јаде со сласт ♀️... не сакам цело време готови да ми јаде....кога веќе можам да и готвам ...и јас пробувам со кисело млеко и јорурт да и протнам ама толку само пола каша.... кој грчки јогурт го даваш, на која фирма?
Поздрав мајки. Како воведовте јајце кај бебињата? Моето има осум и пол месеци и сакам да му воведам ама не знам како. Некои викаат не цело јајце одеднаш, некои викаат цело. Така да не знам. Фала
Се губат, но заради бактерии, заради пестициди и слични работи овошјето до одредена возраст мора да се вари.
Јас дадов 1/4 жолчка, еден ден пауза, после 1/2 жолчка па пауза еден ден и цела жолчка. Исто и за белката.
Се вари бидејќи бебињата до годинка немаат ензими да сварат некои овошја и влакна од овошките и им ствараат тегоби. Не е до кој како сака, до здравје е. И мит е тоа се губат состојките, не е точно, башка што се вари толку кратко колку само да се смени структурата малку, ништо не се губи. Нешто ќе изгуби од вредност но добива други со варењето. Пример морков не треба да го јадеме жив зошто нашите желудници немаат ензими да го разградат, како го јадеме така го исфрламе, затоа треба да се свари. Цвеклото пак пожелно е да е свежо, односно ако се обработува термички да се пече во хартија сосе лушпа како би се задржало железото. Јаболките и крушите немаат којзнае колку јак состав да се тресеме дали ќе се изгуби нешто, а од друга страна пак живи се тешки за бебињата, особено крушата. Овие информации ги добив од технолог за храна од професор од Технолошки факултет. Можеш да ги излупиш после, нема гајле, само малку да се одмрзне одма ќе падне лушпата. Како некои вака, некои така. Педијатар не ве советува за дохрана? Јајце се дава прво жолчка, и тоа не веднаш цела, по 1/4, па пола и на крај цела, високо алергена намирница е. Белка после година се дава. Јас сум алергична на домашно јајце, на купечко не, како мала била пострашна алергијата, до гушење.
Горниот дел се согласувам потполно. Цвеклото и така го варам со лушпа, па под млаз вода, сечам и замрзнувам. Е сега за белка дека е после годинка не се согласувам затоа што според СЗО алергените треба да се воведат порано, нормално ако се има историја на алергија во фамилија ќе се внимава. За мојава се уште јајце и месо купувам органско
Знам за алергијата затоа и прашав како е најдобро да се воведе. Не, за жал за вакви прашања тешко се доаѓа до педијатар и на телефон и во живо, освен ако е нешто хитно или е детето болно. Следна контрола ни е тек окомври. И контролите се одвиваат брзо, немаш време да разговараш за се што те интересира. Фала иначе
Оффф знам колку е тешко да имаш дете нејадач. Додека да почнеме со блв се препотував кога доагаше време да го ранам. Сега раат ми е. Од мене веќе воопшто не сака каша или со лажица, само парчиња можам да му давам јас со рака. Среќа од мм јаде каши па комбинираме. Ајде трпение, белки ке смени
Фала ви на сите за советите. Ќе пробам да најдам по нешто домашно и да смрзнам. Инаку секако дека нема да одам специјално кај нутриционист за да учам како да го хранам детето. Братучетка ми е нутриционист, а воедно и спрема прирачник за исхрана на бебиња. Стручна е и ѝ верувам па ќе се консултирам со неа за работи што не ми се јасни, а ги има доста.
Мојот е 10+ на последната контрола ми рече може риба и свинско. Тиквички може да се замрзнат? Имам млади домашни