Од пазар. Ќе си почнеш со рутина, не кога стасате, се знае, од сабајле прво млеко, па појадок, па после тера денот. Можеш пола саат да поместиш, ама не поише. Ипак рутината за децата е најважна. И со големото и со малото исто правам, прво доручек па после се планираме, шетање нема додека не се појадува, додека не се направи ручек ништо не е важно. И ако планираш да пушташ во градинка гледај бар приближно да ги држиш оброците и дремките како во градинка. Кај нас двојче надувано да излезе, неподносливо е денес. Јадење со плачки, у раце цело време, ќенкање за ништо. Ручек за нас тек сега ќе правам, е до толку е. Ма има јајца да пржам, не можам да гледам од умор денес. За вечера ќе му сварам ориз со мајчино ќе додадам и малку банана за вкус, нека јаде и ќе излеземе да прошетаме.
И уште едно прашање. Кога ќе воведеме месо планирам барем по пола кг да сварам и поделено на порции да замрзнам. Е сега кога ќе направам од тоа каша за ручек, нели со зеленчук додаден доколку ми испадне поголема количина смее дел да се остави за следен ден или свежо да е секогаш. Вишокот да го фрлам. Немам идеја колку количински би јадела за почеток. За појадок сме уште на мала каша. Поголема количина скоро и да не јаде.
Многу ти е пола кг да замрзнеш. На почеток кога ќе воведеш нема ни да јаде секој ден месо, мене ми имаа дадено совет преку еден ден да јаде на почеток па јас варев месо за една недела за да не стои толку време смрзнато. Инаку, вишокот фрлај го, кашата треба да си е свежа за да е хранлива.
Значи 50гр месо свежо ќе ставаш во каша со останати намирници, ако имате 6м полни мислам дека треба голема каша да јаде веќе а тоа се 190гр. Јас сварив месо и го вакумирав во теглички од Холе, ДМ био и Нутрино, тие имаат убави капачиња за вакумирање, само 3 од 10 теглички не ми се вакумираа, се друго се вакумира. Земав 250гр мисиркино и 250 телешко. Денес му ставив пола тегличе готова холе со грашок и 1 мало тегличе од месото излезе супер кашичка си ја изеде цела, со маки, со молење, со плачки ама изеде.
Не гледам по секоја цена дека мора да изеде 190гр. Колку ќе изеде толку. Максимум досега е околу 150тина гр и тоа само овошје без житарка, без ништо. Со вклучена житарка 120 еве и 130 нека се. Кога почнуваат плачки нудам вода прво, пак пробувам каша ако сака уште некое лажиче Ок, ако не може да ја извадам кратко да поиграме 2-3 минути, па пак да понудам. Е ако тука веќе не сака повеќе да јади стануваме комплетно. Единствен начин бар кај моево да изеде толку е да ја наместам хранилката пред тв и да гледа во тв, а јас само да давам храна, ама тоа отпаѓа од одма.
Не пуштам јас Тв воопшто додека јади. Дека со Тв јади колку што треба и не треба од свекрвата научив уште кога бебе пробуваше вкусови. Нели трет ден 10тина лажички. Оставив јас каша и заминав на заболекар. И после враќање добив инфо, си гледаше бебе во телевизорот и си ја изеде цела каша. Толку од бизнисот.
Од Андреа и телешко и мисиркино. Абе види ако го прашувам моето на трето лажиче е доста, ама не е доста. Има 7м и со 3 лажичиња ништо не праиме. Башка ако попуштам толку од бизнисот, ќе попуштам и утре и задутре и може комотно да се откажам од дохрана, до војска ќе цицаме. Не пуштам нит тв нит телефон, евентуално може да му дадам играчка некоја, најчесто капачето од шишето вода и да се занимава да принесува мене божем да јадам јас. Толку. Ама кашичката мора да се изеде, за негово добро, за да си напредува убаво, за да јаде убаво кога ќе почнам на работа, си ја познавам мајка ми, она ќе се откаже на третото лажиче. Може и нема да постигнам ништо, ама мое е да се трудам. Иначе се навикна на мазни каши, не сака веќе пасирано, му давав дека купечки и толку беше. И тоа мазно и течно, строго. А што убаво јадеше пасирано со вилушка. Мислев нејќе купечки, ама ете исто е и со домашните сега. Од гриз и палента се дави. Дали запчето што искача му прави проблем, дали му досади да јаде, којзнае.
И моите се откажуваат "ете гледаш ,неќе веќе ,не и се јаде. А јас седнувам и убаво по пола саат,40 мин ја чекам ,па пауза ова она и ке се најаде. И мојава неќеше пасирано, само блендирано скроз мазно ама последниве недели гледам да пасирам и сум трпелива ,мора веќе да се учат .
Јас сум малце построга и кон деца и кон себе, мора и тоа е тоа, не го терам да јаде за мое добро, за негово е. И кога вака онлајн ќе дадам совет сите ми викаат Не си имала дете да не сака да јаде, е ете де имам, не сака, оно не сака зошто не е свесно, не дека не сака оти така се осеќа. Се му е поинтересно од јадење. Ама мора, иначе не планирам да се влечам по доктори. Имам јатрва и двете и се нејадачи, тешки, додуша јадат само кулен и виршли, паштета чат пат и зденка, тие се 4 работи што ги јадат, плус додај од благо само сладолед зима лето, децата од 12 месеци 18 и се болни. Она на првото затварање уста не дава веќе, ако било бебе знаело колку му е доста, епа не знае, на 7г малото има 16 кила, големото има 9 и има едвај 21 кило. И мене големото не ми јадеше од 3 до 6ипол години, не се откажав никогаш. Не 40мин, некогаш и цел саат се раниме. Може не 190гр ама 150 ќе изеде сигурно, а мајка ми би го оставила и со 50гр доста да му е, а така ништо не се постигнува и ќе се научи на малку храна и јас ќе си ја чукам главата. Тоа е, што да правам.
Не знам и јас што да правам имам многу млеко но многу плаче и се нервира и во такви случаи не цица, не фаќа цице, знае така да заспие гладен поради тоа не знам дали би го заранала
Во скок да не е? Обично децата во скок одбиваат да цицаат. Можеш да пробаш со промена на позиција и услови (темно, бели звуци, тивко). Моето тој период шетајќи сакаше да цица. И да не е прегладнет кога ќе цица. Пробај рани знаци на глад да следиш.
Какво заранување на 4 месеци? Толку рано се почнува со цврста храна ако не напредува добро. Тоа беше случајот кај ќерка ми, мада на 4++ почнавме. Консултирајте се со педијатар, 4 месеци е многу мало за храна.