Моето шанси нема 40 минути да седи и да јаде, мачење е тоа и за него и за мене, мора да се занимава некако и затоа песнички или пееме или пуштаме, реално ни јас не јадам во тишина, вака ем се занимава ем си јаде Вечера кога почнавте да воведувате и што?
Вечера воведов од прилика на 8 месеци, кога почна солидно да ги јаде претходните оброци. Палента и грчки јогурт Гриз со некое овошје Тиква, банана и авокадо Палента и банана (ова од скоро почнав се изеде а нејадачка е) Грчки јогурт со малини и боровинки во блендер… И генерално е житарка со некое овошје или како бекап грчки јогурт зошто тоа не одбива.
Скоро 9ти месец беше За вечера идеи -Потаж: компир, карфиол, јогурт, и маслиново; -Мафини со јаболко и банана -Палента, блитва, урда - спелтин гриз, цвекло, тиква, маслиново - Потаж: брокула, тиква, кромид, маслиново - некои палачинки со банана
Ама не седи мирен 40мин, скраја да е, измислуваме приказни, пееме, па и да се пуштени песнички не е страшно, страшно е да буља во екран и да јаде без осет.
Прочитав еден пост на фб па ми текна да ве прашам. Кој вид на овошје може да се замрзне и да стои 4-5м? На бебе му се паѓа во декември да почне со цврста храна,а тогаш свежо само јаболки и цитруси На свекрвата и реков стави некоја тегла компот од кајсија има и со шеќер и без,се надевам нема да се расипе. Дали праска ,кајсија,слива сте замрзнувале?
Како за туршија, ги сварила испасирал и во теглички во рерна за да се пастеризираат. Кога се оладиле ги замрзнала, зошто се без шеќер и неможат да стојат надвор.
Се освен тиквици, пошто кога ќе ги одмрзнеш се како мрсули, лигави, компир и батат, се останато сум мрзнела. Јаболка, крушка, слива, праска, кајсија, пиперки, модри, моркови, целер, пашканат...
Јас замрзнав кајсии, праски и сливи, планирам и круши, за друго и јас немам идеа што... Евентуално капини и боровинки, за да не купувам мрзнети. Од зеленчук што може?
Е да, бобичасти може се, јагоди, малини, капини, боровинки, како ми доаѓаат природни сега ги мрзнам, свежи од планина ми носи маж.
Како и од кога ги користите силиконските цуцли за овошје/зеленчук? Наместо оброк, или измеѓу оброци, како ужинка? Нешто збунета сум. Малава збеснува од некое запче, ништо не помага, уште со таа сакам да пробам и веќе не знам.
Измеѓу оброци како ужина со ладна лубеница, диња или праска, истата причина због заради запче. Стаив да се смрзне во ќесички за мраз и мајчино млеко, да видам дали ќе му помогне и тоа.