@Iris-1234 @AngelOfArh фала ви. Земав од дм, силиконски, од утре ги активирам со праска барем. Диња и лубеница не сум дала уште, во листава стојат од 8-10 месеци, а тогаш веќе ќе ги нема, а сега ќе правиме 6 месеци и имам баш домашни и диња и лубеница. Не сум паметна дали да дадам порано инаку дури догодина ќе испадне.
Ќе се надоврзам, јас денеска пробав на бебе му дадов лубеница во шмукалче и неќеше да ја јаде само ја гмечеше у раце... Иначе 7+ сме.
Јас на 7м дадов. Тогаш излегоа и ги дадов. Не се водам баш по листи. И жолчка порано воведов, исто и белка планирам порано дадам иако на листите е после годинка. Дај им, не се плаши, нека јадат свежо и домашно.
Мене вака ми објаснија, се што е моментално активно е во полна зрелост и не може да предизвика големи тегоби, не зборам за алергии, а алергии може да се појават секогаш. И јас бев многу против тоа давање прерано ама ме убеди технолог за храна. Доброто кај овие цуцлиња е што не ги јаде влакната кои може да му предизвикаат мака туку го пие сокот што е побезболна варијанта, нема на стомачето да му прави мака. Дадов лубеница на полни 6, многу послободна сум него ли со големото, ама џабе, чоекот не јаде.
Ние воведовме вечера. Он секогаш ја преспива ноќта, дури и заби кога вадеше, спиеше навечер. Наеднаш почна да се буди околу 03. Воведов вечера и пак продолжи да си спие до наутро. Само пиењево вода едвај едвај. Се пробавме, многу малку пие.
Од кога почнавте да им давате на бебињата сами да јадат да џвакат нешто? Мојата е веќе 1 година, има 6 7 забчиња може и повеќе да има позади ама не ми дава да видам, јаде се ама изблендирано, така за џвакање и давам само бисквита и смоки.. друго неам пробано, страв ми е да не се задаве.
Од 6 месеци може да се даде да јадат бебињата сами. Има правила како се служи храната за да не дојде до давење. Смоките не се храна со која треба да го учите детето да џвака. На Solid starts можи да си прочиташ како се почнува зо џвакање и како да ја послужиш храната безбедно.
Имам пишано дека прв оброк му беше печен компир (со повеќе вода како варен беше внатре само со кора). Па постепено почнав со банана, авокадо, боровници, кајгана. Тие ми беа првите намирници. По еден месец веќе јаде се што јадеме ние, само манџите му ги пасирам малку и јас му давам, другото го јаде сам. Ручекот најчесто е мешунки, ориз, компир со месо печени или манџа со месо, тестенини со мелено месо… Доручек кајгана или омлет, палачинки, мафини, проја, најчесто комбинирам со овошје, а вечерата исто како доручекот само комбинир со зеленчук. Житарките ги ставам во мафини/проја, исто и семиња такви додатоци ставам секојдневно
Колку покасно се почнува со парчиња толку повеќе време треба да се навикнат. Повеќе разбираат и самите тие се плашат од гаг рефлексот. А реално сите го имат, само кај некој е поизразен. И кај мојот беше премнооогу изразен, срце ми застануваше на секое пробување и после ми требаа 2-3 дена да соберам храброст да дадам па. Веќе во 8ми месец беше далеку подобро, пократко траеше рефлексот и бебе знаеше точно кога да плувне, на почетокот не плуваше воопшто. Само храброст и трпение, и соодветно зготвена храна, верувај му ќе се изненадиш колку брзо учи. Симни си ја солид старт апликацијата, таму за секоја храна пишува како да ја служиш соодветно на возраста, мој совет служи ја за 6 месеци што пишува на почеток. Со среќа
Денес за ручек јадеше тиква меѓу другото. Може утре благ компир или морков во комбинација да се стави? Со еден оброк гледав повеќе од два пати неделно да нема вакви (портокалови) работи. Ама за со два оброци додека да проба повеќе работи немам многу избор што да вртам во комбинација. Некој ми спомна не се давале често портокалови работи. Затоа прашувам. И дали може житарка (различна) и во појадок и во ручек?