Феминки, треба да почнеме со вкусови за некој ден. Не ми е јасно дали прво две три недели треба само овошје или наизменично и со зеленчук?
Јас скоро секој ден ставам морков, ама мене јадење без морков не ми е јадење, шо знам... не којзнае колку, ама едно мало морковче на цела каша ми е ок. Е не ставам батат или тиква ако ставам морков заради обојување, ама во ручек обавезно, морков, кромидче малку и лукче малку, капка маслиново и се останато. Ко за нас манџа, почнувам со кромид, лук, морков, пиперка и додавам по инспирација. Исто и за него.
Јас давав наизменично, 2-3 дена еден зеленчук, па 2-3 дена едно овошје или мешавина со претходно што има пробано. И така, после и житарки почнавме. Сега бидејќи и ручек воведуваме планирам 2-3 дена нова состојка во доручекот, а ручекот со веќе пробани, па обратно. Да, ради обојување ми беше и мене. Заедно не сум дала, меѓутоа гледав и во текот на неделата да нема многу портокалови работи. Ама сега ќе мора да зачестиме барем недела, две додека да проба уште неколку зеленчуци.
Сега ве читам за батат. Бебе 3 дена има портокалова столица. Некна јадеше батат од него е веројатно а? Денес се исплашив веќе се мислев нешто крв да нема. Да се јавувам на педијатар или нормално е? И морков исто често знам да ставам помалку, речиси секој ден
Мајки јуфки со какво млеко правевте на бебињата? Мајка ми изрази желба да и правела за зимото, они пијат аптамил и друго не планирам да и давам, без разлика што ќе имат година.
Мислам @Bubce38 правеше со аптамил, ама сепак јас би правела со вода подобро. Што знам, не ми се ризикува.
Баш на 7м, може и некој ден порано, со грчки воведов. Читав компарации, дали обичен или грчки јогурт, со што да почнам, сфатив дека е исто со тоа што во грото наши јогурти има многу шеќер, за разлика од грчкиот и почнав со тоа. Дадов и урда ама не ја сака, ќе пробам пак, со јајце кога ќе давам. Планот беше полека да одам ама не бидна ништо од планот и затоа забрзав. Така со полни 7 воведов вечера, воведов глутен, млечни, давам и тук таму необработени термички овошки, лубеница и диња... да се вратам од одмор ќе дадам и жолчка, патлиџан, модар, грав, не знам што друго ама планот е додека тргнам во градинка да јаде се. После кога ќе бидам на одмор ќе пробаме риба, белка и што останува нели непробано.
Јас почнав после 8м со кисело млеко, зошто грчкиот јогурт не ми го сакаше. Па потоа од кога зајаде к.м. си продолжи и со јогуртот да го сака. Урдата и мене не ми ја јади нешто специјално, али ќе пробам пак и јас со жолка. Сега сме 11м и сакам да дадам и моцарела.
И годинава ќе ми прави мама со адаптирано. Ми стоеја во обичен фрижидер , супер си ги искрка синко Јуфка без млеко и јајца не ми е јуфка И не гледам потреба ни да ја давам
Јас дадов јогурт на 6 и пол месеци прво пробав со палента не ми го сакаше па со овесни ни така не го сакаше и и дадов чист само јогурт е така го сака и тоа дирекно од чаша да пија и ладен грч да е.