Јас давав секој ден морков или батат за ручек. И на преглед кога бев кај Марина во Ремедика таа одма примети. Ме праша што и давам да јаде. Пошто сум ја направила ко кинезче. Минимално тоа не се ни познава. Ете ни јас ни никој друг не приметил. Ама таа дека е докторка примеќа. Ама па за ручек и купениве каши сите со морков се. А и без морков ручекот не го бива.
Баш поентата е да ја јади пулпата и влакната кои ги има во неа. Сок за деца е после годината, а сепак не е препорачливо и тогаш да се дава многу бидејќи е само непотребни калории, без потребните нутриенти за раст и развој.
Мајки да ве прашам, кога и како воведувавте кокосово масло, бадемово млеко, овесно млеко ? Јаде овес, значи може и млеко? Може ли на Алпро млеката?
Те сфаќам, ама ете докторите кај што ги носам децата велат до година варено, а сок не препорачуваат и не давам фала богу, ама кога имаме мака од заби давам ладна праска, ладна лубеница или ладна диња во ова и го смирува. Не секој ден. Нели за да нема мака на мешето де, ама досега немал и вака, приметив и јас дека од помеко овошје цело го јаде од внатре.
Кокосово масло воведов на 6 месеци и често го додавам во овошни каши. Бадемово и овесно млеко не знам дали се со соодветна хранливост за бебиња. Докај 1 година барем, не ми се во план за давање.
Како го припремате инстант оризот на hipp? Со ад или може само со вода? Вчера направив со ад, многу им се бендиса, ама и многу изедоа ко за првпат, денес се мислам со вода и со овошје да им го спремам или не бива?
Може и само со вода ама не е толку вкусен. Апсолутно може со овошје да го даваш. Пробај ориз со АД, банана и авокадо - прсти ќе излижат
Јас исклучиво со вода, плус додавам овошје или зеленчук сега. Зависи дали во појадокот или во ручекот го ставам. Количина си прилагодувам спрема останатите состојки. Најчесто 50мл вода, 1-1,5 лажици ориз плус останатите состојки. Со млеко немам дадено, ни само ориз, ни како комбинација.
Оризот на хип можеш и со вода и овошје за доручек, со круша или слива за да регулираш столица. Само внимавај да не направиш запек ако им даваш почесто. Јас така згрешив и со оризот и со банана на почеток кога почнавме со дохрана и и направив запек три дена не можеше да се покака.
Jas ne davam nikakov seuste. Sakam da pocnam so integralen ama n3znam kakov,a imam I od hipp pogore kako so diskutiravme I sakam da probam. Kakov integralen davas?
Тhx, таа комбинација гарант ќе ја јадат, тоа им се сите омилени работи, првин се воодушевија од банана, па кога пробаа авокадо ново воодушевување и вчера оризот, пееја од среќа, отвараат усти, летаме авиончиња со лажичка, сите среќни. Само да видиме до кога.