Да, денес баш таа комбинација ја дадов, со круша и слива, супер поминавме и со полни пелени. И јас пазев од страв од запек, ама па ние све наопаку, од банана им беше супер столицата, а од слива еден ден промашија. Дури и смешно ми беше, како е тоа можно. Ќе правиме комбинации, барем се јадат засега, не ми пребираат.
Здраво мамички 11+ сме сакам да ве прашам млеко тетрапак дали може да му давам по малце и какво? Иначе цица ама за кога ќе го оставам дома да му давам
До годинка не, а ни потоа нема потреба. На 11м веќе подоите се намалуваат, подобро давај ужинки место млеко. Млеко кравјо на бебе мало според мене не, не е добар избор. И ние денес регулиравме столица со храната, за појадок овес со праска и касија, за ручек ориз со пашканат и грчки јогурт, се искака за 3 дена мислам. Дадов гриз со банана за вечера, не ми иде некако ич да дадам житарка со зеленчук за вечера, не знам зошто. Дома најчесто давам житарка со мајчино, ама на планина не сакам да се молзам сеа да вадам млеко и давам најчесто на Нутрино гриз и банана, хељда и слива, нешто такво. Холе житарките не ми се свиѓаат, на Бејби лав ми се поубави.
Зедов ваква кутија за проба и бебе си јади. https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-integralna-kasha-od-oves-6-meseci-250-g Баш ми личи на мелени овесни снегулки, а претпоставувам дека баш и тоа е. За следно да продолжам за бебе да си користам од овесните снегулки кои ние си ги консумираме или овие се нешто посебни? И за воведување вечера, претпоставувам вечерата ќе е некој млечен оброк. Дали е Ок околу 18:00-19:00 часот да јаде така, па пред спиење млеко? Или со вечера се завршува? За бебиња на АД ова. Од педијатарот демек со вечера децата се по сити и не бараат млеко. Реално тек сега со ручек почнуваме, па ќе почека вечерата.
Слободно давај од оние кои вие ги користите, целозрнеста житарка е секогаш подобар избор отколку инстант каша. Денот започнува и завршува со млеко, небитно дали доење или АД. Колкаво е бебето?
Јас и за мене и мм, и за бебе користам овесни снегулки од дм. За бебе прво ги мелам во Нутрибулет (стануваат како брашно), па варам како за нас овесна каша. Пробав и со потопување, но не ги сака така.
Мајки овесот содржи глутен, уште го немам уведено. Бебињата уште малку 9 месеци ќе бидат, ама прематурчиња се, корегирано 7. Не знам дали да и уведам сега или да почекам?
Хахахаха блазеси ви. Мене омилена ми е баната, а детево ми се чини од кога имаше запек(како да знае дека од тоа и беше) не сака да ја јади ама баш ич. И си викам ова е прво дете што не сака банана да јаде досега немам слушнато некој друг да не сака♀️
Супер така треба..и да го спомна само и бататот и пд него да внимаваш да го комбинираш со какачки работи. Јас дека сум паталец само со тоа сум преокупирана.
Што каша е таа со хељда ако може да ми пратиш слика или слично? Јас и давам од хип житарките со хељда многу ја сака и со овошје со ад и ја мешам
Моето е прематурче со еден месец корегирано и јас све воведувам со 1 месец покасно. Матичната секогаш ме тера се да и давам нормано без разлика што е прематурче. Али мене дека ми е прво дете и се плашам од све♀️
Тебе ти е чудно банана, мојов само јаболче не сакаше но кога е измешано си го јаде. Пробај со праска она мириса може ќе го навикнеш, а и праската малку протерува.