Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    И моето е прематурче и самата докторка го смета два месеци наназад со пола месец попуштање ама јас си давам како за возраст со некој ден закаснување зошто си сака
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anele_k

    Anele_k Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Од кога наполни 11м веќе се опуштив, почнав да давам повеќе работи, инаку до 10 месеци си терав некако по свое
     
  3. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Леле тој бататот никако да дојде на ред, само го одложувам, ама следна недела ќе го пробаме веќе. Може ли да се меша со круша, праска или да одам пак со јаболко? Јас сите за мене "чудни" работи им ги дадов со јаболко, па поминаа.
     
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Ни моево не ја сака. Проаѓа само ако е маскирана со вишна, јагода, малина и во смеса за палачинки.
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.614
    Допаѓања:
    7.482
    Пол:
    Женски
    Кај мене пак обожава батат. Секој зеленчук што сам по себе не проаѓа, со батат смешан го јаде.

    Инаку по прочитани искуства избегавам бар јас да давам батат, тиква, морков заедно ради обојување.
    Со тиквички и го мешам најчесто или ориз ако сте почнале со тоа. Со брокула исто. Во спротивно брокула нема ни да помириса.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    И јас ги бројам портокаловите од страв, на колешка ќерка и стана портокалова зошто само тиква јадеше.
    Е да, со тиквичка или ориз сигурно ќе им се свиѓа. Не дека не би го јаделе и чист, ама подобро комбинација ради столицата. Инаку досега се им се свиѓа, само дека портокалов не ни доаѓаше на ред од други работи. Јадачи се, не смеам да се пожалам ич.
     
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    32.134
    Пол:
    Женски
    Хахах ќерка ми беше портокалова у лице еден период. Не јадеше ништо без морков, и почнаа портокалови точки по носот да и излегуваат (facepalm)
     
    На Anele_k и Tess36 им се допаѓа ова.
  8. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Матичниот ако се прашуваше до сега и жолчка ќе дадев, ама мене страв ми е. Барем година да направат може ќе се опуштам малку.
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.482
    Пол:
    Женски
    Инстант е во ќеса, побарај во Зегин. Немам сега да ти сликам а ни добар нет да најдам, утредента планина сум.
     
    На Anele_k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Здраво Мамии :f:

    Прво дете ми е немам искуство па сакам да се посоветувам со вас како поискусни од мене .
    5+ сме и почнавме со вкусови најпрво со зеленчук па потоа и овошје.
    Пробавме неколку вкусови што мислам дека можат за 5 месеци.
    Имам неколку прашања и размислувања и за кои добивам различни одговори.
    Колку време треба да се пробуваат вкусови?
    Што може да се проба на 5+?
    Кога може да почнат да се даваат комбинации?
    Како да знам кога треба да воведам оброк,ужинка и сл.?
    Дали авокадо давате во првите вкусови,чисто само пасирано или?
    До колку часот давате каша?
    После колку време од каша смеам да дадам млеко?(доење)

    Фала :$
     
  11. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Мала Пипи :D Јас им дадов првите денови морков, тоа беше уживанции, ама батко се исфрли со мозолчиња, па паузиравме, па пак пробав, случајно или не пак се исфрли, па поради него и дада му не го добива често и остана бела. Е не знам дали можат да позеленат од авокадо (just kidding),некако се погоди со се да ни оди.
     
    На Anele_k, Ano, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anele_k

    Anele_k Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Можеш со круша, имам давано така. Јас во принцип си мешам се шо сакам да јади и досега не се има пожалено
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anele_k

    Anele_k Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Бататот е благ, сигурно ќе го сакаат. Јас ставам или батат или тиква за да ми ги јаде ручеците и морковче по неколку тркалца. Досега нема станато портокалова иако знам и трите да ги измешам некогаш со тикцица и месо.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    77.711
    Пол:
    Женски
    Може да проба: тиквица, батат, јаболко, палента, сува слива, слива, блитва, круша, цвекло, просо, тиква, компир, цимет, овесни, кромид, банана, авокадо можеш да дадеш загоа што е богато до масти, витамин А и Ц и фолна киселина. Некаде прочитав статија дека не се препорачува на бебе премногу да се става авокадо, а можеби сум грешка…

    - Со оброк почнав еден месец откако почнав со вкусови, а комбинации и правев штом веќе проба 2-3 намирници.

    - Давав да пробува до кај 11.

    - Ужинка воведов после годинка, до тогаш си пиеше млеко место ужинка.
     
  15. Anele_k

    Anele_k Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Женски да прашам само дали се смета дека е воведен домат ако имам дадено од готовите каши на хип оброк со болоњезе или треба посебно да воведам?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.482
    Пол:
    Женски
    Јаболко, морков, круша, тиква, тиквица, слива, праска, кајсија, банана ти се основните вкусови. Внесуваш 3 дена само 1 вкус, чисто, не мешано и тоа 1 ден 2-3 лажички, втор ден 5-6 и трет ден 10тина. Откако ќе внесеш 2-3 вкуса можеш да дадеш и нешто мешано, или нов вкус измешан со веќе даден, пример јаболко ако си дала можеш морковче да измешаш. Особено ако е бебе јадач. Авокадо велат не одма, ама јас би дала, што знам, па тоа е бар базен вкус, ништо страшно. Околу 1м ќе утепаш со ова внесување па после можеш да смениш подој со оброк. Наутро даваш прво цице, после оброк, па продолжува цице. Кога ќе воведеш следен оброк, ручек, даваш цице, оброк, цице, оброк и натака до спиење цице.
    Имаш воведено.
     
  17. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Сега те читам па да те прашам денес 11 ден ни е вкусови давам да проба 2 дена, ама мали си сака. Проба јаболко, праска, банана, и мешано овие, денес крушка само две лажички и ми плаче сака уште, сакаш да кажеш можам да давам дирекно мешано нова намирница и повеќе од 2 лажички??
    И што уште можам од овошје да дадам? Ми рекоа цел месец да терам само овошје ама некако незнам што уште да воведам освем уште слива, се мислам да замешам зеленчук!?! А и мали комотно може да изеде 120 грама ама страв ми е да му дадам. Совет? Ти ептен си ми поуздана што би се рекло :)
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.614
    Допаѓања:
    7.482
    Пол:
    Женски
    И моето е јадач и јас терав така со веќе воведено цела каша.
    Или две три лажички нов вкус на почеток, па остатокот од тоа што има пробано. Или само две три лажички ново измешани со останати вкусови што и се пробани до вкупно 120гр. Ама на овој начин ако не ја изеде цела каша, тогаш не знаеш колку пробало од новото.

    Е сега кај мене или јаде или не. Нема 3 лажички, па ќе играме, па после млеко или друго. Така само првите неколку дена. Од кога почна поголема количина си бараше да се изеде се што следува.
     
    На Pipismel и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  19. curlyhair

    curlyhair Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.177
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу мама на објаснување :)
    Од ова што ми наброја нешто имаме пробано ама и доста не, фала ти баш на пола не ми текна :lol:
    За авокадо читав 1/8 и помалку даваат .
    Грешка е што давам некогаш и покасно да проба?
    Еве пример сега спие и планирам штом стане да дадам.
    Леле мами фала ти на убавото објаснување:inlove:
    Сега ќе ми биде дефинитивно полесно :nod:
    Е сега јас досега давав два дена иста каша,првиот ден помалку некое лажиче а вториот повеќе,сум правела грешка?
    Ова со два три оброци е уште многу рано најверојатно ќе одредам според потребите на бебето.
    Сега сака да јаде да пробува, ама не нешто ептен лакомо,и најкасно после саат од вкусот бара да цица.
    Што од што најверојатно не е наситена,што од што е сега во некој период кога и се спие мора да е на града и да "цица".
     
    На AngelOfArh и macka91 им се допаѓа ова.
  20. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    77.711
    Пол:
    Женски
    Не е грешка, се препорачува рано да се дава во случај ако се појави реакција да може да се реагира. И јас по толку давав на почеток. Мојата стануваше рано околу 6 пиеше млеко и после дремка и беше пробување на вкус. После месец пробување воведов оброк, после месец од првиот оброк воведов втор оброк и тоа си заменуваше едно шише млекце/подој.

    Кога веќе имаше 3 оброци. Стануваше во 6 млеко, кај 8 ипол 9 доручек, 12 млеко, 15 ручек, 18 вечера и во 19:30 ја спремав за спиење и млеко. Вака теравме до годинка и после годинка тоа во 12 часот млеко и го сменив со ужинка, а тоа од сабајле млекце со тек на време и го тргнав затоа што и давам и млечни производи преку ден. Навечер се уште заспива со млеко и пие АД