А дали има штета ако дадам 2/3 лажички јаболче или друго овошје надабајле или навечер? Покрај тоа што си има оброк
Zdravo majki kako ste? Ajde mala pomos poddrska na edna majka sto umira od strav so voveduvanje novi namirnici, posebno alergeni. Mislam deka ke izludam od strav 300sceni u glava. Duri i razmisluvam pred bolnica da i dadam alergen pa da odime odma . Kako pominavte so alergenite, kako da se prestrasam. Od anafaliticki sok mi e prestrav
Мајки малини од кога можам да дадам? Читам многу поделени мислења по интернетов, најдов свежи домашни не знам дали да ги замрзнувам за покасно или смеам да дадам, 7++ сме
Јас се ослободив по тоа прашање и кога јадеме, а е бебе будно, ако не е време за оброк во цуцла за вкусови ставам овошје што веќе има пробано, за да се занимава додека ние јадеме. Не е количина што може да се смета ни за ужина. Е сега конкретно наутро/навечер, меѓу доење/млеко ли би било. Има потреба од екстра храна детето? Не дека е многу 2-3 лажички, ама повеќе пати по 2-3 се собира.
Кога јадеме ние, не гледа и отвара уста, сакам тогаш да мј дадам две три лажички. Еднаш во денот не повеќе. Рано ни е за ужинка, само 1 оброк имаме за сега
Јас цуцлата за вкусови ја користам тогаш, буквално колку еден нокт парченце овошје внатре. Инаку за толку барем мое мислење е дека не би било проблем.
Ми треба мислење, секако ќе прашам и педијатар. Почнав да и давам вкусови уште од 4 ипол месеци ама ми јавуваше алергија со црвенило по тело на морков, тиква, батат и последно јаболко и решив да прекинам да почекам 6 месеци да направи.(тиквичка, брокула и круша немаше алергија) Е сега стигнавме 6 месеци, бебево не го најадува само млеко, бара храна и бара многу млеко да пие, повеќе од литро во 24часа. Прво прашање ми е дали на овие што не јави алергија да ги повторувам? Дали овие што ми јави пак да пробувам? (Една проба со алергија е три дена пиење сируп за алергија и не можност да се пробува). Дали од тоа што нема да јави можам да и дадам еден оброк во денот? Пример сабајле млеко, оброк од тоа што може, млеко, проба на нов вкус (нели е 2-3 лажички) и остатокот од денот млеко да е?
Пробај со цуцлата за овошје, ќе се занимава. Не е дека е штета, таман работа. Анафилактички шок од храна мислам тешко да ти јави, преретко е тоа, јас имам пишувано, на колешка малото изреагира на банана, со гушење, па не се случи тоа за секунда, поминаа може и 40мин додека го однесе на лекар. Не знам бебе колкаво е, за кои алергени мислиш и слично. Јас би почнала од почеток, со тоа што ќе даваш наутро некој вкус, па на ручек давај зеленчук, веќе воведен вкус, тоа што не изреагирало бебе.
Дали давате семе од коприва, како да го воведам, од кога, бебе е 11 м, треба ли да се вари на пример или доволно е во каша да го ставам?Колку количински и колку често? Дали е подобро во овошни или во зеленчукови каши? Давам аронија по 3 зрна во овошните каши, колку аронија се дава на бебе, можам ли повеќе да давам,бебе цело време има некоја гранична анемија ниту со капки ниту со храна има промени, еве 11 месеци е, ке го носиме на хематолог.
Јас давам поручек па ручек ако и давам измеѓу ад млеко касно ќе и биди ручекот ќе испадни вечера сеа незнам моево колку е точно ама јас давам во 10.30 доручек во 14 ручек и во 18 млеко и вечер пак млеко и на сабајле млеко три пато млеко и два оброци има.
Некогаш кога доцниме со оброците знам да го прескокнам млекото. Инаку викаат дека треба да има. Мојот станува и ноќе да пие така што и да го скокнам едното надополнува во текот на ноќта.
Тоа ми беше и мене маката, касно ни испаѓа доручекот, затоа што и ноќе стануваат за млеко, па ако давам млеко по него и ручекот ќе биде доцен. Ај кога имам готова кашичка побрзо е, ама кога им спремам домашна, додека станеме, се спремиме, зготвиме, дошло 10 саат. Ќе комбинираме, ќе пробам можеби со аларми на саат да им давам млеко,како кога беа новороденчиња, за да воведеме ред и со цврстава храна.
Јас бев со тоа дека кога ќе стани мора веднаш млеко. Се случуваше на кај 5-6 наутро да пие млеко, да презаспие и после на кај 8-9 кога ќе стани пак давав млеко, нели со млеко да го почне денот. Па каша ни доаѓаше на пладне или и покасно. Сега тоа млеко што го пие ноќе/рано утро го сметам за прво. Па кога ќе стане спремаме каша или даваме готова и првата каша и доаѓа околу 8-9 наутро. После тоа млеко и околу 14 ручек. Сеуште сакам и малку порано да е ручекот баш како во време за градинка ама тоа дополнително ќе го управаме.
Моето станува во 8-9 ама за цице се буди во 5-6 и тоа го сметам за прво, ако дадам цице па да чекам јадење, ќе ме фати многу доцна. Башка ќе почнувам за 1м на работа и морам да се прилагодувам со тоа темпо.
И ние сме исти. Цело време железото на долна граница ни било па малтофер пиевме уште од 3ти4ти месец не се сеќавам точно, до сега- 11 м. И сега ми рече матична дека тоа било некоја наследна анемија од родителите и само со храна да го подобруваме железото без капки. И мене ме интересира ленено семе како се дава? Досега само по малку какао сум давала во овошните каши.
Мојов во 6 станува и тоа го рачунам прво млеко, за доручек чекам минимум 3 саати и давам 9/10. До тука сме ние
Девојки Мед и маџун кога почнувате да им давате или нешто друго за јачање имунитет, молерс маслото со омега го користи ли некој?
Дали на воведување месо дававте домашно? Пилешко се наоѓа чат пат, ама телешко и мисиркино никаде не можам да најдам