Можеби, не викам не. Додуша на јатрвата децата и двете беа големи колку твоето, крупни и јадеа едвај по 1 голема, ама цицаа... Мене големото на почеток ми јадеше по 1 кашичка и плус јогурт пола тегличе, а ситно беше. Да не се разбереме погрешно, се слагам со вашите мислења, не може Хип да ни каже толку да јаде, волку да јаде, секое дете е различно. Мене малото сега ми јаде по 150-160гр, не сака повеќе никако, ептен ептен ретко јаде по 190 и тоа најчесто појадок.
Од готовите каши добар процент е и вода. Да речеме ќе изеде цела од готовите каши од 220грама. Состав: вода и ориз најголем дел, морков и едвај 8% месо. И што дека изел 220 грама. Мене битно ми е што ќе изеде, а не колку. Никогаш не му мерам колку јаде. Колку сака толку. Има денови јаде повеќе, некогаш јаде помалку. Сега јаде сам, претходно му пасирав со вилушка. Кога би ја мерела таа каша, можеби 100-120 грама било само. Но било само намирници (избалансирани) без додадена вода. Да додавав вода ќе испаднело можеби и 150-180 грама. Затоа и не ми значи ништо грамажата на оброкот.
Точно, не може иста количина да изеде ако кашата е само со овошје и ако кашата е со овошје и житарки. Не е исто ако кашата има само зеленчук и ако има месо и зеленчук или ако има маслиново масло. Ко што кажа и @Mandela во купечките има 8% месо, јас во домашната ќе ставам 25% месо. Не е ист бројот на калории, микро и макро нутриенти. Најчесто проблемите со прекумерна тежина настануваат затоа што не го почитуваме чувството на глад кај детето. Бутаме храна иако не сака повеќе. Ама ако само бара значи е гладно, не гледам зошто би го држела гладно детето. Затоа хранењето сами со парчиња е добро. Детето јаде колку што е гладно. И секако за да не стигне до прекумерна тежина најдобро е оброците да се избалансирани. Мене некој ми донесе купечка кашичка со бисквити внатре. Мислам, бебешки бисквити се, ама пак не верувам дека составот на тие бисквити е сјаен.
Значи се сложуваме сите дека не може со сила ништо да се наметне . Едноставно треба да се следи детето. Мене ми е побитно да јадат се за да имаат балансирани оброци. Големиот и ден денес (а ене за некој ден ќе полни 6 годин), јаде како врапче. ама битно не се прескокнуваат оброци и не одбива ништо, значи јаде балансирано. Кај него за повеќе треба да му направиш интересно и предизвик со нов тип на храна, нов зачин, нов начин на сервирање, ама може слободно да кажам дека најголем љубител е на морско. Тоа секогаш јаде повеќе од се останато. А на бебе мое ниту сега не можеш да му дадеш повеќе од што сака. Еднаш се заинатив да му го дадам демек и последното лажиче. Го држеше во уста и од што му се собира толку многу плунка му се активира многу силен гаг рефлекс. За среќа не поврати, ама реков дека веќе нема да форсирам да не излезе џабе целиот оброк.
Мојов кога завршува со јадење крева раце да го извадам од хранилка. Значи нема шанси нешто плус да му дадеш. Е мајка ми еднаш се заинати да му дадела уште една лажичка. Го смееше, овој отвори уста и му ја бутна лажицата. Ај што исплука се, леле кога рикна да плаче, да не можаме да го смириме. И веќе не и текна да му дава со сила
Значи исто збориме сите со @Ano само не сме се разбрале. Јас не користев готови кашички секогаш домашно готвено. Бевме на 8 месеци на шетање и затоа што не јадеше готови кашички, навикната на домашни повеќе на млеко беше тој период само доручекот го јадеше затоа што и го спремав во хотелот. Малата ми е две години си има три оброци, за ужина ја прашувам не ја терам со сила некогаш сака, некогаш не.
Ај јас да прашам, тргам на работа за 1м, ќе цица од сабајле, ќе и спремам доручек и ручек, ама тоа цицање измеѓу дали да го надополнам со шише или со ужинка, што мислите? Ќе нема ни 9м, 8ипол ќе има.
Се разбравме битно . Јас теглето како некој основа го користам ми остана од први вкусови. Тогаш немаше поента да спремам па за пробување давав од готови. Инаку малово и не е баш љубител на купечка, а и како би кога сите овошни исто мирисаат. Јас би млеко. Така и за големиот, а сега после одмор и на бебево планирам да му воведам за меѓу доручек и ручек со време. Рано им е за ужинка мислам. Или евентуално јогуртче или млечно да му даваат.
А па и јас велам тегличка ама не давам секој ден купечка. Денес окрка леќа, маф, додуша гурна со малку грчки ама ја изеде цела тегличка. Јас имам 4 теглички досега употребено големо и ги чувам ко очи во глава да не ги скршам, за мерка ми се топ. Мали имам повеќе зошто кога воведував вкусови добар дел давав купечки, пример јаболче не најдов асално зошто не му е сезона и купив, исто и тиква, круша, праска, кајсија... сега веќе давам само сезонско, не купувам, евентуално шмукалче па да додадам во домашна каша.
Јасно де. Не дека бегам од тегла, ама стварно не ги сака, а и мене не ми се свиѓа како мирисаат. Затоа сега пред одмор не форсирам да воведам ручек, зошто ќе треба цел ден во кујна за него да седам. Не дека теглето е лошо, особено кога немаме домашно, а и органско ретко се наоѓа. Ама тоа е мора да се навикнуваат како и ние. Ај па за една година полесно е кога ќе јадат веќе со нас
Јас купив слива и јаболко( ми мирисаше на јагода ) само колку за мерка да ја имам тегличката инаку му правам дома, ама за одмор ќе морам да купам зошто нема да можам таму да правам
На одмор и јас не планирам да готвам, за големото бев роб на кујната 2 недели, пукнав. Е нема сеа, си одлучив, купив кашички и готово. Ќе земам житарки само, па ќе комбинирам со овошје и житарки. Е да прашам. Дали сте вареле овошје и да го оставите сосе водичка во затворен сад во фриз до сабајле? Нетрпелив е мајмунов, доручекот го сака сега одма, па си мислев да варам овошје од вечерта и да блендирам сабајлето и да мешам со житарките. Што викате?
Не. Можеш да дадеш и свежо, јаболче, круша … банана најлесно, нектарина и кајсија секако не варам, авокадо можеш +сува слива, или “овошје” од тегле+ житарка
И јас не би. Како што ти кажала и Ели подобро свежо или готова каша мешана со житарки. Јас овошје давам свежо. Убаво мијам, стои во сода и припремам.
Подобро со шише ако прифати ад млеко. Мој совет пробај од сега ако е само на цицање, мојава неќе да смисли, неколку млека купив и така ги фрлив.
Мојот јаде ужинки, најчесто шмукалка или банана, некогаш лино пудинг или лино смоки. Не прифати млеко во шише (ни ад ни молзено, а ад во кашичка јаде)
За млеко што ми пишавте, пие од шише, не е проблем, имам цела фиока молзено ќе го испие сигурно. За овошје ставот на нашите педијатри е дека до 1 година овошјето се вари поради тоа што немаат доволно ензими во желудникот да го сварат овошјето. Ставот на постариве од семејството е дека свежо треба, ние како сме јаделе свежо, ама не ми е некој репер ние како сме јаделе, јас сум со вечита опстипација, сопруг со дијареа од скоро секоја храна, така да не ми е баш безбедно. Варам праска, круша, слива, се освен банана. Давам во цуцла лубеница и диња и некоја презрела праска. Во принцип презрело овошје давам и свежо. Не знам, така мислам дека е правилно, стварно ми е шубе, особено годинава има преслаб квалитет на пазар.
И јас варам, мојот е 11месеци ама мака со стомачето си има. Ако немам време за варење му давам готова кашичка или смукалка. Свежо овошје само банана, зрела. Лубеница, диња и грозје понудив , не сака. Малини/ јагоди кога ја варам овесната каша на крај ги додавам во тенџерето, 5-10 секунди.