Не пиши ништо затоа прашував колку што гледав на нет мислам дека е несолен тие што беа солени од мегле поинакви беа.
Од каде земате малини, боровинки, рибизли? Веќе месец дена како смеам да му воведам, никаде не најдов домашни,останува опција пазар???
Епа ноемално му се јадело на дете заѕоа плачело. Инаку се консутирав и со матичната до 250г може да јаде ако сака, ако и се јаде. За некој ден ке прави годинка
Да ти кажам и јас се ставав на пареа па дури до 11 м. И јас сум со став како тебе. После почнав да ги ставам малку во сода и лупа и блендирам свежо. Али ти викам дури после 11 м, односно сега е тоа .
Боровинки сега ќе излезат правите боровинки, не овие ко грозје што се продаваат амерички. Другово ако најдеш од некаде, не знам, од Берово или пак од едни на инста најди ги Шумски плодови мислам беа. Јас имам домашни, ама не продавам, мрзнев и јас за детуле.
Мамички да ви се придружиме и ние овде, почнавме со пробување вкусови. Би сакала да прашам ориз, палента и просо од кои давате? И од кога? Бебе е 5+.
Јас почнав со инстант кутии на Хип и Холе ама давам по малку така да во рок од 2-3 недели колку што има рок на траење после отворање испаѓа по пола кутија да фрлам неупотребена. Така да и јас со истото прашање? Дали истиот ориз пример како за нас?
@Nala37, @Miss_S јас купив од дм. Палентата, оризот и просото се нивни, а амарантот од bio cosmos. Ги варам и блендирам/пасирам со овошјето или зеленчукот.
Да се надоврзам, скоро читав нутриционисти дека оризот има многу арсен и како да се подготви за да се намали истиот. Еден од начините е да стои преку вечер во вода, ама вака многу нутриенти се губеле, другиот начин е да се измие повеќе пати и да се стави во поголема количина вода, да зоврие, па да се фрли водата и после си се вари регуларно.
Тоа не го знаев. Веќе секако јаде од нашиот ручек, ориз не варам посебно за него туку го печам во плекче
Да, пишуваа да се одложува давањето ориз, да не е меѓу првите храни, ама јас дадов. Се сомневам во алергија на глутен и немам многу избор. Инаку, јас и за нас почнав вака да го спремам.
Кај што читам дека се нешто треба поинаку да се прави паника ме фаќа. Варено,печено,пасирано,на парчиња,полумасно,100гр,200гр ехееејјј што ли уште не... За првото не му ја мислев многу,од одма со парчиња, не се сеќавам каков ориз сум далава ама сигурно не сум варела па да туривам вода па пак да варам, ниту сум броела колку гр има еден оброк. Ама за второво вака читајќи некако поќе страв и неспремност осеќам.
Точно дека има многу арсен затоа и треба да се даде подоцна. Јас до годинка купував органски и исто така во многу врела вода го миев неколку пати и да поседи така некој период па го спремав.
И јас зедов сега органски од дм. Со потекло од Тајланд. И не знам шо е попаметно ваков или кочански. @Panovic ко шо тргнала работава се ќе излезе нездраво за јадење.