Јас почнав со ориз, семолина -гриз без глутен и палента на хип од 6м, а просо и киноа давав на био космос. Оризот на хип ич не ми го сакаше, па мн ретко и давав.После 9 м почнав обичен кочански ориз да и давам па него некако повеќе го сака и палента тогаш почнав некоја грчка органска од зегин. Гриз и овес од Холе кога воведов глутен. Инаку во глобала сите каши во кутија од хип и го дадав и ги има пробано
https://viafarm.mk/p/4803/hipp-milk-cereal-babys-first-semolina-kasha-so-griz-250g За овој гриз на Хип кажува членката. Составот е пченка и ориз.
Органски ориз како таков не прави никаква разлика во однос на количината на арсен која во органски е скоро иста како во неоргански. Чисто да не сте во заблуда дека ако давате органски ориз, давате чист ориз, без арсен. Некои типови оризи имаат помала количина на арсен во однос на други, такви се на пример јасмин или басмати. Јас на моето дете давам органски басмати бел ориз. Интегрален ориз има 50% повеќе арсен од бел ориз, иако пак во однос на други нутритиенти е похранлив од обичниот.
Почнав да купувам кашички за одмор, по препорака на една членка што напиша дека има поголем процент вода во истите ја прочитав содржината. Освен овошјето содржат и оризов скроб и пченкарно брашно!?! Затоа купечката е похомогена и кремаста, домашната не е ни блиску по изглед, а за состојките има некоја разлика што уште не сме почнале со тоа бидејќи јас дома давам само чисто овошје?
Епа тогаш и јас ќе давам така. На Палчевска и верувам, не одам кај неа ама се консултирам од друга страна со неа и сметам дека е одличен професионалец.
Од толку житарки, што реално немам навика сите да ги користам во секојдневната исхрана ми се испомеша веќе кое што е. За првото ги користев сите ама помина долго време. Ти благодарам.
Не ова е без глутен. Обичниот гриз јас го воведов после 8 месец со инстант гриз и инстант овесната на холе. А оној регуларниот гриз со бебето плаво на сликата планирам после кога ке почнам да давам кравјо млеко
Јас сега и ги печам јаболчето и крувчето,заради шмек Инаку они ми рекоа само првиот месец варено, потоа свежо. Палчевска чинам од старт рече свежо уствари
Чим Палчевска рекла, и верувам стварно. Јас јаболки сега не давам купечки, тоа се е сега од нафталин, ама буквално, извадено, не давам такво овошје. Сега нарачав од пазар маж да ми донесе позрело овошје и така ќе тераме.
Овес, ориз, просо во план ми е и мене од Холе да земам. До душа сега почнавме па тек истражувам што е најдобро за бебе за почеток. Фала мама.
Здраво на сите, јас имам прематурче 5 ипол месеци има постигнато килажа и висина како врсници но груба моторика е според корегирана вредност (4 месеци) сакав да почнеме со blw но не може да седи стабилно и прочитав мислења дека овој метод за прематури не се препорачува. Педијатарот ни е на одмор он ни предложи да почнеме со сок. Дали некој има слично искуство и дали да почнам со сок или кашичка? Јас мислев да му дадам прво пире од тиквичка некако според коментари гледам дека никој не почнува со сок. Поздрав
Мојот е скоро 7 месеци хронолошки, корегирани за некој месец 5, јас скоро месец му давам кашички од овошје за доручек, сокови не давам.
Исто со предвреме родено бебе си почнавме со кашички. Сок нема пробано и не планирам за брзо да давам. За blw, сеуште немам пробано. Каши давам и со скроз мазна текстура и по грубо блендирани, и купечки, не прави проблем освен ако останало некое баш големко парче. Некаде од околу 8 месеци планирам да пробам и со парчиња. Веројатно до тогаш ќе седи стабилно скроз.
Кога се почнува со пробување вкусови вода се нуди во текот на целиот ден или само сабајле после пробата? Бебе цица...