Јас давам после кашичката ама денеска некако тешка му беше па измеѓу се напи неколку пати за да подбутне
Фала инаку И јас почнав со неколку лажички првите две намирници после почнав одма по повеќе инаку ќе не изеде и нас :/
Браво за бебе. И јас ќе почнам да зголемувам количина од денес, отвара уста и он за уште ама ми беше страв да не го оптеретиме мешето. Нека ручкаат нека растат
Мајки како ги правите овие инстант житарки? Вчера отворив Холе, 3 вида житарки, со топла вода и мајчино, се измеша и додека ја однесам во дневна стана вода... не беше прежешка водата, ниту преладна, таман беше. На упатството пишува со млеко какво користите, да ставам мајчино само стоплено колку може тоа да се стопли или како? И другиве се разводнуваат ама ова многу. Другиве бар сум почнувала да давам па после ќе се разводни, а ова уште непочната жива вода стана. Ај совет!
Не сум дала само житарки без друг додаток овошје или зеленчук ама никогаш не ми испаднале прегусти. Јас ставам пример 100 мл вода, 2 лажици од житарките. Оставам 5-10 минути да стои. И после додавам овошје/зеленчук зависи за кој оброк е. Со млеко немам правено.
Не гледам да е на некоја посебна температура. Секогаш имаме превриена и во термос. Кога е поладна, кога потопла. Општо бар кај мене не се згустиле многу. Ориз чист посебно, баш течен останува. Пченка за нијанса е погуста и ова со 3 житарки. Толку имам пробано. И тоа за мерки баш специјални купував лажички со на нив обележано 1ts, 1tbs итн, да нема утка демек од кујнските помали, поголеми.
Јас би почнала со кашички, па после постепено можеш да воведеш блв доколку покажува интерес и е спремно. Сок што знам, прв пат слушам да почне некој со сок. А и имам видено само од јаболко на хип, може дека не давам па не знам ни од што има
Јас нудев после оброк секогаш. На почеток одбиваше и сакаше да цица после оброк, со тек на време се научи.
И ние сме исто како вас. Јас почнав со дохрана на 6м корегирано 5 и почнав со пробување на вкусови тогаш па после месец веќе имаше оброк. Сок не давав воопшто ниту пак од тие чаевите иако докторката ми викаше да и дадам. Нудев само вода, да дури да се научиме да пие и од лажичка пиеше . Еве сега ќе прави година па се мислам да почнам по малку сокче бидејќи сега вода си пие убаво и доволно. За јадење почнавме со кашички, бленирани пасирани па сега и давам парченца од овошјее ама јас од моја рака и бисквити. За блв не бев спремна јас.
Јас нудев цело време пошто воопшто не ми пиеше на почеток. Би требало после оброк, ама јас и во тек на јадење о давав бидејќи ми бараше самата. Ние сме на ад
Не разбирам германски ама логиката ми вели дека ова не се чисти овесни туку е комбинација од 4 вида житарки. Нека ме поправи некој ако грешам.
Овие имаат и спелта, јачмен и рж мислам, провери во упатството. Јас дадов вакви откако уведов се посебно. На не воведено не би дала
Мајки сакам да и воведам к.млеко, јогурт, урда и сирење. Какви давате вие, дали може од млеко домашно од крава да си направам и така да и давам?
Мислам дека и за јајца и за млеко за бебе не се препорачува домашни(освен ако имате фирма па сè е тоа контролирано). Треба да се од контролирано потекло за да се максимално безбедни заради бактерии.