Да ве прашам мамис, кога воведувавте овошје (зборам за кашички), овошјето го припремавте на пареа/варено или свежо изблендано? Јас бидејќи зеленчукот го готвев во стимер, истото планирав да го правам и со овошјето, но педијатарот ми рече свежо со вода до потребната густина, што мене малку ми е чудно Thanks
Јас го варев. Порано препораките беа до 1 год да биде варено и овошје и зеленчук, новите препораки се до 7м да се вари.
Јас вкусови воведував со готови каши, а после тоа 80 посто свежо. Зависи од комбинација може некогаш јаболче или слива да ги проватам. Праска, кајсија, банана, авокадо, круша, диња ова се давам свежо.
Ова се 4 различни житарки, не е само овес. Ако си дала веќе глутен можеш да даваш. Не мора сите житарки со глутен да ги воведуваш една по една.
А какви давате, не знам што е паметно, пример јогуртот купечки е полн шеќер, има се освен млеко. Ако се прави к.млеко и урда пример, нели се смета за преработено, па да е безбедно? Од што не знам што да правам, цело време исто си јадат децата .
И за првото и за ова планирам домашно. Откако се роди првото, веќе 9 години јадеме домашно не сме имале проблем. Убаво свари го млекото откако ќе зоврие уште некоиси 5-10 минути.
Од цело зрно, снегулки во нив има: од овес, рж, јачмен и крупник. Глутен имам воведено, а јачмен и рж преку житна каша на хип. Крупник не знам не сум сигурна. Затоа ми беше прашањето дали е добро да и давам од толку мн мешани житарки?
Јас колку што знам, водата треба да е околу 50 степени, па малку да се излади пред конзумирање. Јас мерам со дигитален што имаме, се подесува за тт и за температура во простор. Уствари на осет, треба да е потопла од онаа за бањање и ок ми испаѓаат. Штом измешам со овошје ладно одма им ја давам.
Моето тој на Олимпус не го сака, на Кри кри и од Имлек тој што е Грекос, маф! Денес му сварив хељда со брокула, кромидче, лукче, тиквичка, капнав малку маслиново и една голема полна лажица ставив грчки, беше повеќе од 190гр ја направи пепел.
Скроз Ги јади и на кри кри и на имлек само што тој на Имлек мене не ми е убав, воопшто нема вкус на грчки. Олимпус најубав ми е и мене, а богами и него
Фала мами ќе дадам за доручек со некое овошје. Дали ги мелевте во бленедрр или цели ви ги јадеа потопени?
Јас ги варев цели со некое овошје и потоа ги пасирав заедно. Само потопени во вода не знам колку ќе омекнат.