Наскоро сакам да воведам белка и пастрмка. Имам две прашања: 1. белката дали треба постепено како жолчката 2. како ја подготвувате рибата?
Mamicki eden sovet tikvata so sto da ja dadam i slivata? Do sea imame probano sliva, jabolko, kompir tikva i morkov...Vcera dadov jabolko i morkov, a denes kompirce i morkov i nemam ideja kako uste 10 dena bi kombinirala samo od ovie namirnici Smeam li da vovedam uste nesto banana ili oris...? Znam deka joy mi kaza samo 6 vkusevi vo eden mesec
Можеш и банана, ориз, круша, тиквица, авокадо. После тоа си правиш комбинации. Јас тиквата ја давам со јаболко, слива а и со компир многу ја сака
Исто како жолчката, постепено. Рибата е највкусна печена, можеш и варена но после тоа цел стан смрди Варен најбрзо се спрема, комбинираш со што сакаш (освен намирници што содржат скроб) а и најлесно кај бебиња поминува било кој зеленчук кога има и батат бидејќи е благичок. Можеш и печен, ептен е вкусен.
Печена ќе пробам, не ни знам риба како да варам А и воопшто не ми звучи примамливо Уплав ме фаќа од ковчињата, па не брзам сега.
Еј остај...и јас ги мрзам ковчињата. Распрашај се кои риби имаат покрупни коски. Мислам дека пастрмката ако добро се сеќавам, не е од тие со најситни коски, побрзо се чисти. А после кога ќе почнете со морска риба ќе биде полесно (барем тие што најчесто ги јадеме: лосос, скуша, ослич, немаат ситни коски).
Варената е готова за 15 мин И како путер се распага цела т.с месото се дели само.Вкусна е без сол без ништо самата има шмек
@joy1 да те прашам...за белката од јајцето... да и ја дадам варена или да го измиксирм цело јајце па во млеко да и го ставам и неосетно да го испие ?
Малата има полни 7 месеци. Назад сме со повеќе намирници, па сега сакам пак да го фатиме редот. 3 нови намирници во една недела многу да не е? Вчера добро реагише на брокулата. Со што најчесто ја комбиирате? Кромидот црвен или бел го дадовте?Свеж претпоставувам и отприлика колку? Сакав и телешко да воведам. Го миксате со останатите после варењето и кашата е со нормална густина? Освен пилешко, што друго може од плус 7?
Не не ти е многу ама давај и ѓи во помали количини во комбинација со нешто друго.Пример испасирај и нешто од тие нови намирници кои сакаш да и ѓи внесеш во исхраната.Не ѓи давај сите во еден ден на 2-3 дена испробувајте нови намирници
Брокула најчесто со ориз или компир давам како основа. Кромид само бел имам дадено .Парчето е отприлика колку една третина од мојот прст(ама објаснив).Значи не многу бидејки ми е страв да не и прави остар вкус на кашата. Телешко се заедно блендирам со зеленчук.Ставам повеќе течност и подолго миксам.Кај мене супер излегува. Можеш да воведеш и лук и пиперка(печена или варена па лупена)
Супер е брокулата и со просо @danichap на мојов му е омилена па што и да ставам не се буни. Исто и цвекло обожава.
Цвеклото од плус 7 е, со што го комбинираш ? Колку долго го обарувате? Едит. И мојава го обожава просото. Киноата и така и така, а амарантот ич го нејќе.
Јас давам младо лукче и кромидче секој ден. Телешкото го варам околу час и половина и после мешам со зеленчук плус уште половина час да се вари но исецкано на ситни коцки. На крај се заедно блендирам со повеќе водичка и јаде по 230-250 гр. Пилешкото побрзо се вари но исто го ситнам кога е сварено и додавам зеленчук. Блендирам подолго со повеќе вода. Цвекло можеш да воведеш но мој совет е да го вариш со лушпа. Јас земам помали главици и ги сечам по половинки и го варам два часа т.е дур омекне.
@danichap а супички да и правиш со брукула? Јас на моите така им правев брукула и баш не сакаа ама сепак и таа спаѓа во здрава исхрана и им ја ставав во супи.Твојата сака ама кога ќе и направиш супа ем ќе имаш и други зеленчуци ем течности ќе внесува. Ја би ти препорачала за цвеклото да и го даваш како течнос т.е како сочке заедно со морков.И да знаеш дека морковот и компирот се едни од побитните зеленчуци кои треба да се даваат на деца.
Цвеклото го комбинирам со компир, ориз и последно и најбендисано просо, боранија, морков, лук и кромид Амарантот и мојот не го бендисува ич и му го подметнувам со тоа што го обожава - брокула, компир, тиква.