Мене па тој на Имлек баш ми има вкус на грчки јогурт каков што имаат во Грција, кремаст и убав, ама масленост ко павлака.
Купив Чоколино бејби, првпат гледам такво, може го имало и претходно, не знам и е 6+. На составот пишува може да содежи лешницо, значи не пишува траги туку баш лешници пишува и сега не знам дали да дадам. Некоја искуство?
Јас пак мислев рано е за воведување вечера, а сакав да воведам нешто пред 8м. А го немам измерено, не знам како напредува.
Нема шеќер? Лешници знаеш, високоалергени се. Може да содржи бидејќи на иста лента оди и чоколино и лешник чоколино и медолино и фрутолино... уствари смесата е таа, додатоци додаваат само. И ако пишува Може да содржи, велат содржи, јер процесот на производство е отворен, не е контролиран.
Пишува без додаден шеќер. Искрено, не верувам дека би имало лешници ама ќе тестирамеНе верувам дека е небезбедно штом е 6+.
Ти кажав, на иста лента се прави и чоколино и лешник чоколино, а дека во второво има лешници, има, така да ништо чудно. Пробај, јас не би, ама ти ако си храбра пробај.
Здраво девојки. Ќерка ми е 6 + и досега сме пробале ( по неколку лажички) морков, пашканат, тиква, компир, брокула и карфиол. Од утре планирам да и воведам цел оброк компир + тиква, морков + компир итн. Во кој дел од денот да почнеме да пробуваме банана, јаболко, и др овошје?
Да де, на иста лента одат исто како и безглутенски и глутенските житарки. Инаку, приметив дека на многу житно овошни кашички од Хипп пишува дека може да содржат јајца и јаткасти па досега сме немале проблем. Сепак тоа се мали количини, во трагови,што не верувам дека би правеле проблем кај некого, освен кај високоалергични лица на таа состојка.
Може имам прашано или е пишано некаде ама еден ум за каде побрзо. Млечни производи сите се воведуваат по 3 дена? Или на пример ако денес јаде урда, утре може јогурт да дадам?
Можеш. Јас се воведувам по два дена, ми рекоа сосем доволно е. Ко ќе дадеш два пати по ред млечно, веќе воведени ти се сите млечни производи.
Мами како се воведува телешко месо? Исто како пилешкото ли? 3 дена се дава измеѓу нив 2 дена пауза? Ние сме 9++ и сакам да воведам телешко од готови кашички што е.
Уште немате воведено телешко? Јас давав два дена со еден ден пауза измеѓу. Воведов на 6++. Мој совет е да си свариш месо. Во кашите премал е процентот на месо.
Мајки давате ли пудинзи на бебчињата? Моето е 11++ и до сега не сум му дала. Секогаш како ужинки или свежо овошје давам, некој пат бисквитче ама ретко, пченкарни смокички со вкус на морковче и шмукалца давам на холе. Да не го ограничувам многу? Има појадок, ручек и вечера и плус цица. Од алергени имам скоро се воведено освен јагода и кикиритки (путер) ама сега ми е во план и тоа. Какви други ,,snacks'' или нешто слично му давате?
Да уште немам воведено. Имам воведено домашно пилешко и месо од зајак. Телешко незнам од каде да земам по месарите ми е страв да не е мн старо. Ако има некоја мајка од Битола нека каже од каде зима телешко месо ?
Нема да е старо не се секирај. Јас ќе ти кажам и за Битола. Горе во Веро носат ама одма се троши така да прашај кога носат за да земеш. Во месарата Аце (спроти ДМ што му доаѓа) носат само во понеделник ама само за тие што нарачале, значи претходната недела треба да нарачаш и во понеделник ќе ги јават да го земеш.