Јас би дала и така сега се други препораките во врска со алергените а и сигурно не е тоа кој знае каква количина.
Има таква тема ако ти недостасуваат идеи. Вчера дадов: Д:палента и грчки јогурт Р:лосос печен, компир варен и патлиџан. У: шмукалче со овес, банана и уште некоја овошка. В: не сакаше.
Да, тоа реков и јас. Тоа се трагови, ако и воопшто ги има. Ако беа големи количини и ако беше многу ризично немаше да е назнаката 6+.
Не бе мелена, зрно миеш убаво ако имаш време да ја покиснеш топ, побрзо ќе биде варена, вариш во вода и додаваш во кашата. Не ни блендирав, така ја слапа. Реално таа се разварува како леќа црвена, пука.
Мами ние сме 9++ од алергени до сега имам дадено Глутен Пилешко месо Млеко т.е јогурт, павлака, урда Јајца( со тарана, пишува дека има јајца п.с дали тоа значи имам белка воведено?) Чоколадо Кикирики ( со смоки во кои пишува има 35% кикирики) Дали ги имам воведено сите алергени или има уште?
Пробав, да. Не беше воодушевен ама мислам дека тоа беше затоа што не беше гладен. Инаку, бидејќи е млечно-житна каша повеќе е како оброк а не ужинка.
Го има ли некоја овој додаток или нешто слично? https://kares.mk/product/kares/gotvenje/collapsible-steamer-gotvach-za-nad-parea/ Практично е или?
Од каде зимате кус кус? Сакам дома да му правам ама незнам каков и од каде да земам иначе воведен ни е со кашичката на Holle пробавме прв пат
Дете јаде работи на парчиња, диња, лубеница, праска, банана, лепче, варени житарки не ги пасирам и слично, дали тоа значи да не се будалам да блендирам? Кога ќе си дојдеме од одмор да си фатам блв? Прееска изеде неколку парченца диња со грицкање и баш убави парченца си гризеше и убаво си џвачкаше. Планот е на одмор да давам овошје и зеленчук свежи на парче, па ќе видиме. Не 100% од одма блв, ама да се префрлам полека.
За БЛВ повеќето зеленчуци и овошја треба да се вареби за да се распаѓаат низ прсти. Јас да сум на твое место не би почнувала со парчиња на одмор. Колку што сум читала, за почнување со парчиња детето треба да е убаво седнато во хранилка и да е концентрирано, без да му се одзема вниманието со различни дистракции за да се фокусира на правилно џвакање и голтање. Сепак, ти најдобро си го познаваш
Не не, после одмор ќе почнам, овошјата што ги јаде секако во парчиња ќе му ги давам така, колку осетот да не го изгуби. Пошто јаде понекое овошјенце со нас понекогаш.
И ние почнавме на одмор. Кога јадевме ние му давав нешто што е за него да си грицка и така се усоврши и му се намали гаг рефлексот ептен. Кога се вративме почнав 90% од храната на парчиња да му ја давам. Ден денес има некогаш по некоја каша, пример навечер од инстант или кога излегуваме од готовите. Ова го правам за да не се префрли скроз на блв, за кога ќе сме надвор да имам што да давам, а да не е глупости како пица и помфрит