Телешко давам мелено само, зошто само така и го јаде. Давам како болоњезе со макарони, правам ќофтенца од телешко, јајце, кромид рендан, лук рендан, морков и мелени овесни снегулки (или брашно/лебни трошки), плескавички од тиквичка изрендана, запржено мелено телешко, јајце и 1 лаж било брашно или лебни трошки…
Да, цело јајце од 8 месеци. Како омлет, со урда несолена, во мафини, палачинки… Од прилика давам 3-4 пати неделно, некогаш како оброк некогаш во мафин или палачинки, плескавички. Да напоменам јаде по блв од 7 месеци.
Од кај 9 месеци, давам или шмукалче ноќно од дм, грчки јогурт со нешто во комбинација, банана со авокадо плус гриз, палачинка со грчки јогурт… Некогаш давам и од ручекот што ни останало зависи што е.
За маслиново масло важи истото правило, да се воведува исклучиво со веќе пробани намирници и 3 дена? И уште нешто, на некои од готовите зеленчукови каши пишува да се додаде масло од репка. Давате тоа или само мслиново да капнам и готово? Некако скроз невешта се чувствувам околу хранава, ниту сум готвач, ни јадач, ама за нив сакам да спремам тоа што имам убаво домашно, а тоа што немам терам со готови или комбинирам.
Вака ние веќе сме 12 и пол месеци дури сега сум во фаза на воведување на јајце. Утре треба да завршам со жолчката. Ама ја давам по побрза постапка не таа што е цела вечност. Пример денес давам од полата пола, после 2 дена пола жолчка, па после два дена пак. И утре веќе цела жолчка. Прашањето ми е дали во сабота или во недела може одма да продолжам со белка? И дали да ја воведувам постепено како жолчкава? Или може да дадам директно пола белка па после 2 дена цело јајце?
Сакам да воведам корен од целер денес за ручек. Дали е ок да ставам во ручекот со веќе воведени работи или треба некако посебно, само него да го воведам?
Мајки имам неколку прашања за воведување храна. Прво, со што почнавте од вкусови? Овошје, зеленчук или паралелно? Кој оброк прв го воведовте? И отприлика во колку часот им дававте да пробуваат? Односно, после дремка, или пред и временски отприлика. И дали во тек на оброк нудевте водичка или после оброк, и кога нудевте млекце?
Јас ја пасирам. Блендирана ми доаѓа како гума, моево бебе не ја сака. Инаку да, свежа. Банана не обарувам.
Почнавме со зеленчук морков, компир, тиквичка, брокула па дадов од хип пченка(палента) и после јаболко. До тука сме стасани, на одмор сме и не ми се ризикува овде да давам ново. Да се вратиме и ќе продолжам со батат и после ќе морам овошје. По табелава што ја имам тоа е зеленчук што се воведува на 5 м. Потоа на 6м се воведува друг зеленчук. Давам после првата дремка сабајле, односно пред втората дремка околу 30-40 минути ни се фаќа. Почна да јаде по 100 грама, но пак си цица убаво кога го успивам. Вода нудам и после оброк и во текот на денот. Топло е овде и пие повеќе пати во денот.
Мајки месо колку пати неделно давате? Му дадов денес телешко (прв пат пробува) и се мислам дали и утре да дадам исто.
Кога давав за прв пат односно да видам дали има алергија обавезно давав 2 дена со ред. Сега веќе има пробано телешко, мисиркино и пилешко и давам некаде 4 пати неделно месо најмногу, со тоа што пилешко ми е најмалку застапено. Едно што мислам ми е да не е многу со хормони, друго бебе не го сака. Давам од купечка каша пилешко, па за 10тина дена треба домашно да ми донесат од едно блиско село до местото каде што живееме.