Жолчката ќе ја измешаш со нешто друго, со банана на пример или некое друго овошје/зеленчук. Од сува жолчка и јас се давам. Но не со цела банана туку дел од неа колку да ја измешаш жолчката и да бидеш сигурна дека ќе го изеде планираниот дел.
Не дека е стеашно особено од еднаш, ама не е препорачливо. Ти кажаа, со палента, овошје било што. Ќе измешаш со мал дел за да си сигурна дека изело бебе.
Имаше некаде низ форумов пишано пуканки од амарант. Како се спремаат? Овој амарант го имаме https://www.zegin.com.mk/index.php/mk/bioagros-organski-amarant-500-g
Ќе си купиш јајца од маркет, не селски. Тие се пастеризирани и безбедни, а селски појма немаш колку се чувани пред да ги соберат, сега на жешково па ептен. Во лето особено избегавам домашни јајца. Варење јајце само 8мин е доволно за мало бебе, не да е преварено. Ставам на суво загреано тавче на тивко и мешам постојано. Брзо се прават.
На скоро 13 месеци треба да имаме воведено ужинка? И што давате за ужина. Мојава сеуште цица. И кога ја давате ужината? @Freckles. Мислам те читав дека уште и вие немате воведено ужина.
Јас воведов еден месец по првиот. Мислам дека зависи од бебето, ако си јаде цела кашичка одеднаш без проблем можеби е спремно и за втор оброк. Барем јас таков совет добив.
@Erika.greeneyes нема ужинки, не. Му давам така нешто ситно смоки, лепче, овошка да жвака измеѓу ама не секој ден. Сеуште сме со 3 оброка 150-200гр и 3 дневни подоја и 1 ноќен. Средина на септември сме на преглед па ќе видам што ќе ми кажат.
Дали некоја дала риба на 8+ ние сме 7 и пол месеци и сакам на 8 риба да и дадам на хрватскана група риба од 7 даваат ама ме интересира за кај нас.
Јас дадов отприлика на 8 месеци, бела риба до сега само сум дала, плава риба не затоа што еден период не ми јадеше риба сега пак почна да јаде.
Утре ќе се спремам за БЛВ. Детето само покажа спремност. Овошје јаде свежо, грицка, џвака без никаков проблем, лепче исто, џвака, па мислам да почнам со крокетки од зеленчук и месо, со палачинчиња, со печено/варено овошје/зеленчук и парченца разварено месо, лепчиња од овес и леќа, кога ќе воведам цело јајце... На ум сум само со што да сменам јајце во палачинките и крокетите, како ќе се залепи смесата без јајце. Како давате блв кај деца кои немаат пробано алергени рано. Утре полниме 8м.
Банана, овесни, цимет во блендер и печи на сува тава. Брокула, праз варени во блендер. Додај маслиново лажица, палента, овесно брашно, пченично брашно, прашак за пециво малце и вода ( ова треба да проверим по колку лажици иде затоа што јас од око го правам) На овие ми текна моментално ако ми текне уште нешто ќе ти пишам.
Јас со ,,јајце" од лен сосема успешно сум заменувала јајце, го користев за во солени работи. Лажица тазе мелен лен во 3 лажици вода да постои и ќе згусне смесата, ќе стане како белка густо.
Па вие тука се сте знаеле.... Утре одам во набавка, ќе издржи чоекот уште еден ден со каши. Леб, душа негова за лепче е, се тепа, корка глода, јаде, гајле нема.
Пробав денес демек со една лажица, веројатно беше премногу и само дел испукаа. За варење колку време се вари? За бебе исто една лажица ставам. На интернет читав до околу 45 минути. Ама со една лажица во повеќе вода како за многу пократко да испукаа зрната. Пробно ова, па утре за појадок или ручек одново проба.
Ама не се става во вода за пукање, на суво тавче се става. Или ти проба за варење. Големото не ми го сакаше, се сомневам и ова дека ќе сака, не мора баш па сега амарант да јаде, има толку намирници не мора баш тоа. Јаде леќа, киноа, хељда, овес, спелта, палента, ориз, просо, има куп намирници... Баш амарант сто саати да го варам, е не мора.