Пробав на суво тавче, дел испукаа баш како пуканки, повеќето не. Втор обид, го измив, накиснав во вода и ставив да се вари. На интернет пишува да се вари 45 минути, ова веројатно бидејќи една лажица само во повеќе вода, за пократко време од тоа беа распукани зрната. Грешно пишав претходно. Утре нова проба, па дали ќе јаде или не ќе видиме. Инаку јас сакам да дадам се од листата што може нели чисто ради алергии. Дека постојано ќе јаде амарант или хељда пример тоа сигурно нема. Бар да знам, да не дојде во контакт.
Амарант тешко дека некаде ќе проба, општо кај нас не е честа намирница. Ќе дадам, ама подоцна, јас си правам чоколадо од амарант пуканки, сигурно ќе касне некогаш. Со првото се тресев ептен, со ова од утре одам на турбо, патлиџан, јајце, пиперка, модар, риба, се ќе внесам, па здравје од 10м ќе внесам и јатки, само кравјо млеко како млеко, нема да внесам додека можам, односно додека не треба да тргне во градинка, зошто сметам дека не е неопходна намирница, друго се ќе внесам набрзинка. Детево ми е прибирливо, тешко јаде, мора да најдам чаре, за 2 недели одам на работа мајка ми тешко дека ќе го тинтари.
Јас дадов прв пат на 7++, ама многу тегоби во стомак имаше буквално цела вечер се виткаше со плачење. На 9+ и сега на 10 месеци пробав пак исто реагираше. Дадов панга и лосос. И сега ќе чекам, покасно ќе пробам пак со друга риба
Само немој со панга пак, тоа е најлоша риба. Мислам за бебе најубаво бела прво, пастрмка, ослич, белвица... ваљда ќе најдеш бар пастрмка. Пангата живее во најзагадениот дел од морето таму само ја има, не ти треба таа риба за бебе. Лососот е тежок, дури и за возрасни.
Како реагираа вашите бебиња на почеток кога почнавте со вкусови? Во однос на столицата. И дадов јаболче, си какаше, нормално имаше промена во конзистенција ама немаше мака. Круша и дадов и ко запек да ја фати. Се нервира, прдка а никако да се олесни. А и се допадна и тоа и тоа. Божем вкусови со неколку лажички почнавме, ама уште да и дадев, уште ќе јадеше. И кога почнаа да ви јадат поголема количина? На пример мала кашичка скоро цела, значи 100тина грама отприлика?
Истото и јас би ти го кажала за рибите. Советот кој го добив беше дека со бела слатководна риба се почнува.
И мојата на почеток првпат кога касна круша, се помачи за какање. Ќе навикне и нема да има проблем. Нормално е дека ќе имаат гасови и одредени тегоби, желудничето почнува да преработува храна и треба малце време за адаптација. Ова е мое мислење и се разбира искуство со ќерка ми.
Ќе земеш ситни круши, од тие што одекнуваат многу, и да е мека скоро скапана што се вика, скроз омекнат, оти од тврда круша ќе има запек. Со сето овошје што омекнува така, ќе го чекаш да омекне скроз.
Купечка кашичка и дадов од круша. Уште не сум се организирала да почнам да правам домашни зошто неделава на одмор одиме па со купечки ќе терам.
Ти пишале веќе за пангата. Дома ја јадевме се додека не прочитавме колку загадена риба е, од каков дел на морето доаѓа, а и како се чува. Панга од тогаш во уста немаме ставено, не ја купуваме веќе. Не е страшно што каснал, ама натаму подобро му давај било која друга риба. Јас планирам со пастрмка да почнеме, па после година лосос.
Имам прочитано нешто за пангата ама не се заинтересирав доволно. Дома јадеме само панга лосос и ослич зашто мм не јаде риба со коски, вакви само чисти зимам. А и секако зимам од непроверени места, овде немам услови да барам од каде да пазарувам, па се мислам кој знае воопшто колку е здраво и тоа другото што го јадеме. Сепак фала ви ќе размислам за пангата, може само на ослич и лосос ќе останеме, а може и да почнам со пастрмка само за мене и бебе. Како и да е ќе почекам после годинката ќе дадам риба пак
Каков блендер користите за кашички? Имам Нутри Булет ама со маж ми го утепуваме од користење, правење шејкови, протеински и свашта. Сакав само сечило и чашки да докупам за бебето, ама не продавале засебно во топшоп веќе. Затоа барам друга варијанта. Овие рачните пасатори како ви се покажале за бебешки каши?
За првото користев на Тефал, со повеќе делови беше. Важно ми беше појак да е, па зедов од 800 вати. Го скапав од користење, душа му извадив. Сега за второво зедов од Горење, исто од 800 вати.
Ние сме 10 месеци, до сега немам дадено риба. Сакам да дадам ама незнам каква. Дали може прво да се започне со Преспански свеж крап или?
Овој ли Оли? Го прави каша јадењето, без парченца? Од Булетот сум презадоволна и некако повеќе за блендер бев, ама ако и пасатор врши работа, ќе пробам веројатно.
Не е баш овој, но со такви делови е. Го прави јадењето како каша, нема парченца. Затоа и сакав со повеќе вати, за помазна структура. Булет и јас користам и сум задоволна, но за каши не го користев. Некако овој ми се погоди за мали количини. @medena147 Во Нептун мислам дека го имаат во кутија само комплет, делови мислам дека нема. Барем немаше кога барав јас.
На Бош, пасатор, прави мазна каша ептен. Презадоволна сум. Со него иде и сецко, ама не ми е воопшто искористено.
I kako takvi,ispukani gi davate na bebe? Ne sum probala ,neznam. Ne se tvrdi? Inace I jas sakam da probam BLW ama neznam so sto da pocnam. Vie sto dadovte prvo za da jade samo?