Ќе кажам за мене лично, а знам дека и кај многу мајки не е во прашање финансии кога се работи за здравјето на бебе. Ние почнавме некој ден пред 5 месеци со дохрана зашто бебе пиеше многу млеко. Од почеток се трудев да е на 3 саати, количина солидна за него бла бла, ама џабе бебе од рагање си е млекар. Од 4 месеци пиеше кило и 500-600 гр на ден, и единствениот начин да намалам беше започнување со цврста храна. Дали добро постапив? Еве уште не знам, уште се бориме со намалување на млеко. Пие и вода ама никако не заспива без млеко. Само кажав мој пример дека некогаш има причина да се почне порано, и ако тоа го процени педијатар, мислам дека не треба да одлучуваме ние
Дали може да сподели некој како го спремате/ вакумирате телешкото месо? Јас пример 100 грама месо за почеток го сварив и додека беше уште топло со вода го ставив во тегли и го затворив. Од топлината се вакумираа тегличките. Откако се изладија ги ставив во фрижидер и ги искористив во рок од 4-5 дена. Во ред е вака?
Хахахахахахахахахаххаха ова е дефинитивно најголемата глупост што сум ја прочитала. Со дохрана се почнува по пррпорака на педијатар, а не од финансиски причини и информирајте се пред да пишувате нешто.
Не тврдам дека нема случаеви каде заради финансии би се преминало на друг тип на храна ама повеќе би било од Ад на кравјо млеко отколку на каши. Барем што сум слушнала/прочитала. Како некој кој што пред 5 месечна возраст почна со вкусови, секако по препорака на педијатар, дали ме фаќа поевтино, воопшто не. Веќе е бебе со два оброци, за некое време и трет ќе воведеме. Остатокот од времето сеуште си е на Ад. Е сега за оброците или готова каша што воопшто не е евтина. Или свежо овошје, зеленчук, житарки што пак не се баш евтини. Па 3-4 парчиња различни по оброк да комбинирам итн. Може не цели. Може 1/5 од тиквичка ќе искористам ама сепак треба да ја имам и да смислам што после со остатокот. Така да финансиски пак и не е некое олеснување.
Просо и палента прв пат дадов со овошје измешано, а ориз за ручек со зеленчук. И житарките и оризот ги варам, па заедно со овошјето и зеленчукот готвени на пареа ги блендирам.
Не пукаат, јас замрзнувам сварено месо со водата во тегличка и после само вадам одмрзнувам и мешам со зеленчук.
Де бре најголемата глупост, можеби си окружеена со луѓе кои финансиски можат да си дозволат хранење на бебето со ад млеко и до 2 години ама има доста луѓе кои уште од 4 месеци почнуваат со немлечна храна ради парите. Точно и немлечната храна и таа е скапа ама пак ад уште поскапо е. И не разбирам зошто таков ироничен потсмев
Главна храна на бебето до 1 година е млеко така да и да почнат со немлечна на 4м не може да се зашти бидејќи тоа бебе не ни може којзнае колку да јаде. Син ми е 9м и ретко јаде вечера, едноставно млекото си го сака, а и ноќе си станува за млеко. Инаку да, АД е скапо ама има и поскапи и поефтини формули па секој бира според можностите, а и да нема финансии ќе се снајде.
Апсолутно никаква заштеда нема. И моето дете на 5м се одби од доење и е на АД. 9м имаме сега и мн често ја скока вечерата бидејќи сака млеко, а и ноќно време си го пие. Апсолутно никаква заштеда нема.
Мамаситас денес дадов белка ама не многу, страв ми беше да ставам повеќе. Ако не дај Боже има реакција, кога би се појавила? Летизенот на готовс чека на маса
Видов и јас го Италија, ама сепак е прерано за паста на 4м. Инаку следам една мајка од Србија која има сопруг Италијанец и баш сега се во Италија и снимаше пасти за бебиња, на хип на мип, на сите ги имаше, од 4м пишува. Ама што, ќе ја блендираш? Глупо ми е, уште не каснало гриз јас ќе му дадам паста, која е потребата да јаде паста. Денес прв пат му дадов на ДМ Био паста со сос од брокула и морков, ја лапна одма. Што знам, ми нема логика толку рано. Ама до 1г мора да заспива со млеко, како поинаку. Да. Не, особено ако ставиш компир.
Јас не велам дека има логика ама секоја држава си има протокол и причини зошто оди по тој протокол и бесмислено е тука да кажуваме да не слушаат педијатри затоа што ние сме прочитале негде нешто. Инаку, јас знам дека е погрешно бебе да се учи да заспива со млеко, ако мислиме на исто т.е да мора да пие млеко навечер за да се успие. Јас знам дека е многу подобро да си испие млекце па да помине одредено време, малце да се свари млекото и после да си легне. А и децата што заспиваат со млеко, им останува уште долго таа навика, па и кога ќе се префрлат на кравјо ќе заспиваат на ист начин, што не е добро за забите.
За навечер да, ама и дремките му се со млеко. Сега се трудам со ужинки да изоставам млеко, некогаш успева некогаш не. Еве преска од 5 до 6ипол не успеав да го заспијам. Испи млекото и одма кома. Ве читам за навиките. Млекото ни е дел од рутината. Облекувам пиџами, ставам во креветче, давам млеко си го испива, читаме приказна, пуштам шум и заспива. За навечер ни е супер вака, преку ден се мачиме со заспивање ако не дадам млеко