Имам таква ламба со шумови. Ама напиши на youtube “baby white noise” ќе ти излезат. Имаш и апп baby sleep
А ме интересира дали овие ги пуштате додека заспијат или и цело време додека спијат? И има ефект пример и за поголемко бебе пр 5/6 месеци
Мојот е 10++ и уште спие со нив. Веројатно дека е навикнат веќе, тек сега да почнеш не знам пробај. Му се пуштени додека ние да легнеме, првите 3-4 часа негде. После ги гасам, ама ако се буди почесто пуштам пак тивко зашто побрзо презаспива со нив. Се распишавме во погрешна тема, нека не премести модератор
Колку пати пие млеко? И моето пие млеко како ужина, пред спиење и преку ноќ уште еднаш. Значи три пати .
Сакам да прашам,кога бебе ќе почне да пробува вкусови тоа би траело скоро цел месец, пр. почнуваме со вкусови на 5м, а на 6м веќе доаѓа првиот оброк, така???
Цел месец зголемуваш по малку а млекото се намалува на крај од месецот треба да јаде цело тегличе или 120 грама без млеко. Мојов јадеше цело тегличе веќе од половината на втората недела. После истото за ручек
Пиеше 2 пати преку ден пред дремките, еднаш пред спиење и 2 пати навечер станува. Значи 5 пати, и тоа по 200-235 мл. Овие денови успева да заспие без млеко најчесто, остануваме само на 3 пати. Борба е заспивањето вака ама мора веќе
Ознаката за возраст на кашичките е за конзистенцијата на капата. Колку е поводлеста, толку за помала возраст е препорачлива. Тие шо се 9+, 10+, 12+ веќе се со парчиња во нив.
Аронија од кога давате и гоџи и гоџито како го давате свежо или варено или сушено и со што го давате?
Идеи за вечера? Наскоро ќе воведуваме. Мислев јас да е некој млечен оброк, од кутија, готова каша и слично битно на база на млеко. Сега на Белина страната гледам предлози, ноќен оброк тестенини, или ноќен оброк зеленчук со киноа и сл. Повеќето се на база на зеленчук. И што би се рекло тек сега се ми е измешано.
Во повеќето земји препорачуваат во вечерата да има зеленчук, а кај нас најчесто препорачуваат вечерата да е млечна каша. Твој избор е. Јас давав и готови ноќни каши, некогаш сама готвев верзии на ноќните каши, некогаш тарана со кисело млеко, палента, проја со зеленчук...
Zolcka vovedovme, koga se voveduva belka? Dali isto kako zolckata se pocnuva so 1/4 pa dva dena pauza I taka dodeka se dade cela?
Најголема мака ми е оброкот навечер. Најчесто не сме дома и не ми е изводливо да давам зеленчук, башка мал е пример супа да му направам, некако не ми е изводливо... засега давам ноќни купечки, од ручекот ако ми останало со грчки јогурт (совет од матичните), мајчино со некоја житарка... тоа се врти воглавно. Иде ли време за вечера мене ми се темни. Да почне да јаде баш се ќе давам и тестенини некои со сос пример, мафинки со јогуртче, кифлички со јогуртче...
Малини кога воведовте? Мојов мајмун не јаде храна што ќе му понудам за него, ама сабајле коа и се сврте на мојата овесна каша, маф ја направи.
Се можеш после 6 месец да воведеш. Малини некаде кај 8 месец, тогаш и капини дадов Малини, јогурт со просо