Не знам каде да го поставам прашањето. А овде се пишува за воведувањето храна. Прашањето ми е дали некоја од вас го има babymoov nutribaby пасаторот и како е задоволна? Еве слика
Јас и правев летово, во сад на пареа зелка со морковче, кромодче, тикцица некогаш телешко некогаш не. Последно и домат додадов , само свеж пошто имав домашен. Ама јас ја оставам да се оладат кашите и ладни ги давам. Инаку ја јаде цела, за разлика од други работи со не ми ги јаде.
Јас го имам и сум презадоволна.Од како почнавме со храна цело време на него готвам и блендирам, уште малку 10 месеци ќе прават бебињата.
Можам ли фрутолино да правам со АД? Купив хип органик комбиотик, можам ли со него? Бебе цица, ама сакам да почнам до млечни каши а немам веќе молзено. Што друго можам да подготвам со формула?
Што се воведува прво пилешко(имам домашно) или телешко? И дали се од 6+? @najjacha гриз, овес можеш со формула. Мислам и инстант ориз ако даваш може со формула да се спреми. И мене ми е во план кога ќе ги воведам овие намирници со АД да ги спремам. За сега имам молзено млеко.
Фала ти на одговорот. Инаку да, од 6+ се, прво по книга е телешко, амс откако се консултирав со педијатар ми рече како сакам, или едното или другото. Јас лично почнав со пилешко. Ама од кашичка бидејќи упте не можам да најдам домашно. Од каде наоѓаш ако имаш предлог да купам?
На 7 месеци што се воведува? Скоро сѐ проба во 6ти месец, сега со полни 7 се закочив. Какви пиреа да му правам? Ми имат снемано идеи.
На бебе немам дадено сеуште. На големата и правев. Варен овес со вода па кога ќе се излади додавав формула. Или варев овес мн густо па разредував со АД млеко. Исто и гризот.
Како да се справам бебе не ми сака зеленчук? Никаков. И во секоја зеленчукова ставам и овошје за да јаде. И упорна сум била џабе, прво гадење, плуќање, одбивање и на крај вриштење. Ако не дадам ќе мора млеко, а едвај чекам и втор оброк да воведам, а не ми јаде. Вечер сме и на лекар, како да ми мириса дундето и има бели остатоци, ако има кандида само ја храниме со толку благо. Ориз, овес, компир ставам, не е јак зеленчукот (пашканат, брокула, тиквица). Палента исто не ми јаде. На сладок компир, тиква и морков сме алергични, баш тие имаат сладникав вкус. Ептен сум загрижена, баш сега ми идат сите зеленчуци да ги пробува: кромид, блитва, праз, боранија, целер. Денес спанаќ дадов, направив каша ми ја одби и морав да додадам банана и со сласт изеде дури шмата. Со месо мислите би било поинаку? Леб можам да и дадам? Сите ми викаат корката да сум и ја дала. Каков леб тогаш? Читам и потпечен е убаво за да има помалку ризик за давење. За два дена сме 7 месеци.
Не можам да се сетам кои житарки се киснеа, кои не. Или сите се киснеа? И конкретно спелта дали се кисне, сакам да му дадам утре.
Дали може да дадам денес 2 млечни оброка? Сабајле дадов млечна кашичка со овошје (има глутен), а вечерва сакам млечна каша со гриз на babylove (има глутен), пола банана и 1 бисквита (без глутен). Да не му е многу? 7+ сме педијатар ме советуваше да почнам и со трет оброк, цица ама ситен е.
Да се кисне спелтата. На оваа јас што ја имам пишува во упатството 10-12 часа да се откисне. Всушност сите житарки пожелно е да откиснат заради намалување на фитинската киселина.
Откако прашав ми текна да погледнам и на тие од биокосмос што викаш си пишува . Фала во секој случај.