Мајки, дали оризот од холе го приготвувате со вода? На него пишува млеко, ама ќе им го спремам со зеченчук..
Дали кога ќе се започне со овој блв метод на исхрана, мора ексклузивно само вака да се јаде? Ние сме уште мали, 4+, ама започнувам да се спремам за периодот кој ни претстои. Пример, ако треба да сме излезени цел ден, дали е во ред да се служат кашички/пасирано? Верувам дека не е многу практично (па скоро и неизводливо) надвор од дома храната да се служи на ваков начин. И дали има некој кој директно започнал со овој метод, прескокнувајќи ги кашичките?
Premnogu e toa, zosto ti pisala nekoja majka smeni pedijatar takov. Ke ti ja preporacam na fb grupa domace kasice za beba ja vodi nutricionist i ima se tmau vo datoteki zacuvano za hranenje, soveti, recepti i pomagaat za prasanja.
Јас не познавам мајка што почнала вака директ, ама може има. Јас вкусови воведов со каши и сам спонтано се префрли. Сеуште знам да дадам каша пред се за да немам проблем надвор, или пак леќа давам така малку разварена и со оглед на тоа колку малку јаде, па и ок јаде. Планот е да јаде цело време ако не парчиња бар ситно сецкано, полека полека одиме натака. Проблем ми е вечерата искрено, не сака да јаде каши, а немам некој избор а ни енергија и време да спремам после долгиот напорен ден, бидејќи господинот се дере вика од утро до мрак. Најчесто за вечера јаде каша.
Сестра ми од 7ми месец комплетно го префрли внук ми на блв. Надвор јадеше пица (вегетаријанска), компир во различни варијанти, ориз со некое месо. Мене ова ми беше проблем зашто не секогаш седиме во ресторан, па останавме на каши најчесто навечер. До сега кога сме излезени тераме со каши најчесто, и супер функционираме вака. Методот го почнавме со полн 8ми месец, пробував од 6ти ама имаше многу изразен гаг рефлекс и некако не ми делуваше спремен. Еве веќе на 10ти јаде 80% од храната што му е послужена и не фрла речиси ништо на земја. Поддршка од мене, прави си начин и комбинации кои тебе ти олеснуват и кој најмногу ти одговарат
Јас на мало бебе од 7м не би дала ресторантска храна. Пре би припремила оброци и би смрзната нешто како полпети, крокети, ќофтиња, отколку да дадам помфрит, пица и слично. Прво има сол, потоа масло со сомнителен квалитет и на крај хигиената...
И јас го делам твоето мислење целосно. Сеуште не сум дала, а 11 ќе прави. Гледајќи по сестра ми изборите кои ги имаше по блв се решив да комбинирам со каши
Ручек, па доручек и на крај вечера. Житарки комбинирав со веќе воведени овошје и зеленчук, пример овес, амарант и гриз со овошје, хелда и киноа со зеленчук, просо и палента со се. Од 6ти до 7ми давав безглутенски, по 7ми месец воведов глутен
Доручек, така ми препорачаа педијатрите што ги консултирав. Житарките ги воведував со веќе воведено овошје и зеленчук. Не, одеднаш се воведува. Јас додуша ставив половина првиот пат, а веќе следниот пат цело јајце ставив.
Како воведувате жолчка и дали давате домашни јајца или од маркет? Моите се 10 месеци, ама корегирано 8 месеци и мислам дека сега може да и воведам жолчка.
Јас давав по некоја моја шема, не воведував со недели... Јајцата за почеток треба да се од контролирано потекло, а не домашни.
Јас воведов вака : Ден 1 1/8 ден 2 пауза Ден 3 1/4 Ден 4 пауза Ден 5 1/2 ден 6 пауза Ден 7 цела Ова беше по некоја моја шема, не знам како е ‘правилно’.