Строго купечки јајца пастеризирани од контролирано потекло, не воведував по долгата шема, дадов првиот пат 1/4, вториот малку повеќе од 1/4, третиот 1/2, четвртиот малку повеќе од пола и на крај цела. Глеј измешај во мала количина или каша која ја сака за да може да ја изеде цела количина.
А во кој оброк да ја дадам, доручек или ручек? За доручек давам овошје со житарки, ручек зеленчук и месо, знам месо и жолчка не се дава во еден ден, ама дали со зеленчук да ја мешам?
Јас за ручек давав, со палента, грчки јогурт како прелив врз зеленчук, ориз... Мешај да, јас давам 3 дена месо 2 дена жолчка. Сега знам некогаш и за вечера да дадам со полпети или палачинчиња за доручек.
Имам замрзнато домашно пилешко месо. Утре треба да воведам. Дали може да го сварам цело парче од 50 грама, па 2-3 лажички да воведам утре, а остатокот(или дел) задутре? Да стои во фрижидер сварено еден ден?
Да, свари го цело и подели го на 3 нееднакви дела, од најмало до најголемо и така. Мада јас не направив така, јас дадов цело парче 50гр и ја изеде цела каша. По малку воведував само првиот месец првите намирници. Јас ќе воведам после 10м.
5 дена месо, еден ден јајце, еден посно. Едит: На 7м давав 3-4 пато. Сега сме 9м па затоа давам повеќе.
И мене ме интересира за какаото. Сакам за доручек во каша да му ставам, ама не знам дали може сирово.
Јас после 8 месеци почнав да и давам какао. Најчесто го употребувам кога правам гриз во комбинација со банана
Оризовата каша на Холе ја спремате со млеко или вода? Сакам да и ја дадам за појадок со овошје. И дали некој ја користел мчечната каша со просо на Холе и од колку месеци? Ја купив и дома ми текна да прочитам состав и ич не ми се свиѓа составот за да и ја воведам како една од први житарки. И кога сме кај житарките какво просо и палента дававте? Некои готови каши, зошто не можев баш да најдам такви, или обични купувавте па варавте? Од која фирма?