Јас дадов телешко, а павлака и грчки јогурт не сака. Земав и јунешко пошто ми го спомна педијатарот. Сливите досега ги јадела еднаш блендирани, еднаш шмукаше свежа, ама секако без лушпа. Не го варам овошјето генерално.
На 5м, како палента ја воведов. Прво месо - телешко (мало е за јагнешко, после телешкото се воведува пилешко и мисиркино), па млечни. Сливите не ги лупам.
Леле жени еден памет, на телешко мислев Нас на вакцини ни рекоа телешко и да тераме со тоа тек накај 8 месец да пробаме пилешко и мисиркино и тоа ако имаме домашни. Да комбинирам еден ден месо еден ден жолчка во 8 месец. А матичната ми е лабава. И јас овошјето не го варам (освен јаболка и крушка зошто купечки ми се и во сода ми отстојуваат). На пареа и готвам па ваљда не убивам се што има
Жолчка пример ако дадам утре прв пат 1/8, па по неколку дена 1/4, во тие денови измеѓу може нов вкус овошје или зеленчук да давам или да паузираме? Засега нема реакции на ништо, а и фамилијарно немаме алергии на храна.
Не можеш со ова да ги воведеш двете од еднаш. Можеш само едно со веќе воведено другото. Пример ќе воведеш пченка , најчесто како палента, а со ова тапиока.
Купив просо од ДМ сакав да воведам но пишува дека има траги од глутен. На листата што ја имам пишува дека се дава од 6+. Кое просо го давате?
Само сакав да ви кажам откритие за подобар вкус. Овие кашички се оригинал како доматен сос (и на мирис и на вкус), само без сол и мали ги обожава. Јас ги додавам во кашички, а мислам дека ќе се одличен сос за тестенини и слично.