Јас купив во Тинекс Лиса, а би требало да ги има во веро зошто имаше и некоја промоција таму, ама ги барав не ги видов. А инаку веројатно може и онлајн да се https://www.kendy.mk/alce-nero-organic-italy-tomato/organic-baby-food
Здраво девојки Бевме на педијатар во систина ми кажаа почетно што да почнам да му давам на бебе им побарав табела за исхрана од 6-12м ми рекоа немале Дали ќе може некој да ми прати табела зш за 3м сме на контрола неможам до тогаш да му давам само: компир,морков,јаболо…и др што се за почетно
Еве мајка јас не се водев скроз по табелата ама ми беше некоја орентација. На првата слика е тоа што јас давав по ред, некаде до 7ми месец ги воведов сите тие намирници. Алергените ги давав по 3 дена, а другите по 2 дена П.с да се редактирам јас воведов глутен во 6ти месец со овес
Некаде пред 7ми дадов вакви, со ад млеко ги правам бргу се топат како каша станува Една членка ги прати тука ама мислам ги нема во мк
По кој редослед воведовте јатки? На кој начин? Преку путери, јатки, изблендано во каша?И дали исто се воведуваат по 3 дена? 11++ е, немам уште воведено
Не пазев редослед на воведување јатки, но мора сите видови да се воведат посебно. Можеш мелени во каша или пак путер од јатки во каша. Ако јаде парчиња можеш и во состав на палачинки или мафини да ги ставиш. Се воведуваат 3 дена со постепено зголемување на количината.
Жолчка кога воведувавте пример деенес давам една четвртина во нешто, утре половина па после три третини и на крај цела Значи морам секој ден еден по друг со нешто да јс мешам додека не дојдам до цела?
А правеше ли тестови на кожа, на пр.да го намачкаш на некое делче да видиш да не има некоја реакција или дирекно во каша. И уште нешто што со семињата (сончоглед, семки, лен ..). Како прво да ми е се сум заборавила .
Не ги мачкав на кожа, тоа само го направив кога воведував белка. Јатките давав директно во каша, прво врв на лажиче, па следен ден пола лажиче и трет рамно цело. За првото дадов прво кикирики, а од страв сирупот против алергија беше до мене. За второто поопуштено беше. Сончоглед, семки од тиква, лен исто мелев и ставав во каши.
Од кога почнавте со цел оброк? Јас скоро почнав со вкусови. 5ипол месеци сме, ако нешто значи роден во 36та. Досега дадов морков, јаболко и тиквичка. Сѐ ми прифана убаво и гледам дека сака да јаде. Стварно ми иде цела кашичка да му дадам од толку што сласт гледа во лажичката и отвара устичка.
Абе и мене ми е второ, ама се сум заборавила од пред 5 години. Знам мелени давав, тогаш не беа толку актуелни путерите. За ова сум скоро за се поопуштена, ама еве за ова некако попретпазлива. По приказната на Ангел за алерија на банана, ја одложува долго да ја дадам . Да завршам со жолчката, до пола сме и риба нареднава недела, па наредни ми се јатките на дневен ред. Сирупот и јас сега го извадив на маса кај што јадеме со жолчкава и ќе постои додека да ги извртам и јаткиве.
Како го спремате инстант оризот на Холе? Го правев само со вода според упатството ама ми искочи густ и со грутки. Сакам со овошје да и го измешам ама нешо не го погодувам
Најверојатно не си ставила доволно вода. Го имам правено и со вода и со адаптирано и со овошје, многу убаво се раствара и не остануваат грутки. Загревам околу 100-120мл вода на 40-50 степени, и мешам со 3-4 непреполни лажици од оризот
Дополнив погоре, не сум мерела во грамажа, со лажици мерам. Ама ако ми искочи густо додавам вода (ладна) и мешам Да не го спремаш со врела вода?