Да, сега видов. Да не ја загревав него ми зовре водата. До тоа е? Треба со загреана само ? Јас Летизен имам
Во упатството пишува дека треба да зоврие водата, па да се олади на 50 степени. Мене тоа ми е прекомплицирано, треба да дремам до водата и да ја пипкам.. И како ќе знам кога е баш 50 степени Јас загревам во греач за шишиња, така знам дека ја загрева на 40 степени. Со врела секако не треба да се меша
Белка намачкав на надлактицата и чекав пола час/час да видам дали ќе има рекација. Потоа дадов белка во палачинка, а следен пат во омлет.
Па зар некој прави тоа да грее да лади вода, како да не, смлачувам малку и ајт. Сеа ќе ладам, ќе пипкам, ќе мерам. Нит па мерам лажици, пополека истурам од ќесичката додека не добијам густина. Како правите каши со мајчино? Мајка ми едно вишок извадила и сакам да го дадам во вечера, па дали да го смлачам во жешка вода чашката или? До сеа ладно сум ставала и ок било.
Па прв пат правам и одев по упатството и ете утнав. Уште не сум спретна за од око да правам. Може ќе се уходам
Со загреана вода секогаш се прават грутки, барем мене Ја со вода стоена на собна температура немам проблем ни грутка ни ништо
Ќе се уходаш Мама ) сама ке си најдиш модус како да ги правиш кашите од око..јас на пример за да не се замарам ладно топло си местев тајмер на шпорето 3 мин и тоа ми беше за кашите,а за млекото 2мин. Али дури да стигнам тоа еден месец помина со грешки , грутки и неиспаѓање ...затоа викам не се плаши ќе си процениш сама ) и ќе си најдиш модус твој
Пред 6 месеци ми е земен, кога почнувавме со цврста храна. Тогаш одма најдов Едит: а зашто го повлекле, не чини нешто?
Да? Незнаев , само зиртек сум купувала за нив. Последно аериус земав, ама не ми кажаа дека е повлечен
И ние воведуваме жолчка, со страв искрено, па сега со сирупот за алергија ептен ме замисливте. Јас немам дома ништо за алергија, ме фати паника кога прочитав на вас спремен дека ви е на маса. Може ли да земам без рецепт и во кој случај се дава, што треба да се случи и како треба да постапам?
Сируп за алергија обавезно имај дома особено штом воведувате вкусови. За среќа ни со големиот немав мака никогаш не употребив. Сега со бебе исто засега добро се држи без некој реакција така да баш и немам искуство, ама ако почне некаков осип или не дај боже потешкотии во дишење се дава и нормално ќе носиш на лекар. Ова последно пред повеќе од пола година ми кажаа, затоа прашав да не се сменило нешто и да не почнале да го носат повторно. Додуша јас и рупафин купив од Грција, ама со тоа нивните упатства на грчки иди па разбери, треба да ја консултирам матичната за него.