Какао, цимет, ванила и такви "зачини" исто по 2-3 денови се воведуваат? Едит: додека има време. Не знам за други ама овие на Хип, како ноќен оброк од кутија претечни ми излегуваат. Како јогурт буквално, па и потечно. Ги изнакупив сите, ги пробав со поладна, потопла вода. Направени според мерките на кутија. Ги гледав на Лино, е сега тие во составот сите се со шеќер и ги избегавам. Макар што доколку тргне во градинка за брзо таму баш на Лино давале. Е сега освен Хип и Лино, некои други предлози? Барем за вечера да не стојам многу над шпорет. Каши купечки ноќни, неколку различни пробавме не ги сака.
Земав био просо од зегин. Пишува дека може да содржи траги од јаткасти. Планирав да го покиснам од вечерта да го измијам сабајлето и сварам. Проблем е ова со јатките или да давам слободно?
Пишав пред некоја страна за трагови од глутен, истото важи и за трагови од јаткасти. Мора да пишува така.
Ставај повеќе лажички, или помачку вода, не се води според упат. зошто сите ќе ти се такви течни. Имаш Лино и без глутен, а ското сите овие ти содржат шеќер, така ако се замараш ќе даваш само 5 намирници. Колкаво е бебето? Палента пробај давај со кисело млеко, варен ориз со пасирана пола банана, чоколино без глутен со вода, лебче даваш? Можеш со кисело млеко и малце лебче. Зачини за бебе ставаш малце секако, и немаш потреба по 3 дена да воведуваш од зачин.
8 месеци е,мака мачиме со вечерата бар да стаса до оброк, неколку лажички јади само. Пробано палента и јогурт. Леб има пробано, сеуште немам така со кисело млеко дадено. Ноќни каши со гриз, бисквити не е некој фан. Ќе испробам различни опции.
Кашите со мајчино или до АД да ги правам или со вода? Јас сабајле прво одбрав тиква да му дадам, ја сварив на пареа и ја изблендав со вода, секако дека не ни голтна, ама сакав само да видам како ќе оди, исплука скоро се, вајда не му се допадна или не беше гладен или му беше млако…утре пак ќе дадам тиквица ама не знам како да ја спремам.
Па пожелно е чисти за да го осети и вкусот, ама ако не приафаќа ако можеш додавај по малку мајчино. Јас и за двајцата особено за тие први вкусови гледав чисти да се.
Никако Почнав да кријам по солени мафини и палачинки, блендиран спањак пример или нешто такво ама почна да осеќа тоа. Сега само шмукалчиња со зеленчук може да јаде инаку свежо, ништо
Мајки, кажете предлози за доручеци со жолчка. Дадов до сега еден оброк со 1/4 жолчка во палента, ама не можам само со тоа да давам.
Со банана, со авокадо исто оди, едно од овие две како основа плус некое друго овошје или житарка + јогурт
Кога сме кај жолчка уште не ни е скроз воведена. Ако за појадок дадам 1/4 жолчка, за ручек може оброк со месо или да прескокнам месо тој ден? Или пак јајце/месо едното или другото важи кога веќе ќе е комплетно воведено?
Тој ден кога се дава жолчка, не се дава месо. Значи еден ден жолчка, еден ден месо. Насоката од педијатарот беше таква. Исто и кога ќе се воведе целосно.
Тиква или тиквица? До душа двете не ми ги јадеше бебе чисти ниту па со мајчино млеко. Сега кога му ги мешам со друго ги јаде. Веќе 2 оброка има, до сега ништо немам блендирано, се пасирам со вилушка. Мевцето со раце го дробам на мали парченца. Ако осетам дека не му е по кеиф оброкот ептен малку ставам овошје.