Мене ми кажа патронажната сестра кога давам 1/8 и 1/4 да си дадам истиот ден за ручек месо, било многу малку жолчка тоа. Веќе кога ќе дадам 1/2 и цела тогаш да не давам месо тој ден.
Кратка па пократка не може, прв ден 1/4, пауза, втор ден помалку од 1/2, пауза, трет ден пола, пауза, четврт ден помалку од цела, пауза и цела. Рачунај дека имам нејадач и никогаш не изел цела.
И јас немав храброст, на почетокот сакав по кратка, ама пусти страв.. уште сме на 1/4, за две недели кај и да ќе дојдеме до цела
Прашувам со цел покривање на периодот меѓу доручекот и ручекот, од причина што ќе почнам со работа и не знам како ќе биде затоа што до ден денес шише не ми фати.. Има ли некој со вакво искуство?
Кога воведувате месо, го давате во доручек или ручекот го поместувате порано? Моментално околу 9 имаме доручек, 12 млеко, 15 ручек, да не е касно во 15 часот?
Може слободно да даваш ужинка тој период. Мене овде патронажна ми кажа на 11 едно шише да сменам со ужинка, а на 12 другото шише.
Еве јас прифати шише едвај (од dm најобично 140 ден. отприлика) ама кога појдов на работа не сакаше да пие млеко со други па и даваат ужинка наместо млеко и супер си прифати, најчесто некое шмукалче јаде за ужинка.
Јас имам некои прашања околу исхраната. Дали може ден однапред да сварам овошје/зеленчук на пареа и да го чувам во фрижидер и сабајле да направам со топла вода кашичка? Или дали воопшто можам одвечер да спремам каша и да ја чувам во фрижидер за сабајле да ја стоплам(имам апарат за греење храна) и да ја дадам? Ако може вака во стерилна тегла ок е да складирам? Другу јас воведувам вкусови сега, ама бебето уште не седи, хранилката не се навалува, неам релаксатор, како да ми давам да јаде? Пробав потпрен на перници, нема шанса, мрда, се труска нанапред, се тегне, не можам уста да му погодам, во количка под 45 ок е? Трето Јас давам на следниов начин храна, еден вкус еден ден, втор ден истиот вкус со плус друго нешто во него, трет ден пауза и после нови два вкуса, не знам колку е правилно, читам по два дена требало само едно исто, ама он еден вкус не сака баш многу, додека мешано јаде, секако тие што се алергени ќе ги давам по правило. И на крај по колку да давам, он ако изеде активно 3-4 лажици добро е, не сака, да пробам со паузи па да дадам пак или толку е доста за почеток? Кога да почнам со цел оброк и кој да биде тој оброк, дали да дадам вода сега со вкусовите или да чекам цел оброк?
Ако не седи, ќе го ставиш во столче, бебе што јаде треба да е исправено, а ти ќе работиш на вежби за седење, исправање да биде самостојно. И полека, не со брзање. Нови вкусови воведуваш 3 дена без паузи, или ете 2 ама да е без паузи, на почеток чисти неколку вкуса, после пример 2 вкуса почни да мешаш, со нов вкус дај пример јаболче ако си дала веќе еднаш чисто и не изреагирало. И така нови 3 дена, или два. Многу брзо ќе се стабилизира да седи и да јаде. Седењето се вежба, не се сеќирај.
До годинка гледав секогаш да е тазе направено, до оглед на тоа дека не треба многу за спремање. Второ ако не седи само тогаш во скут со тоа што е полусвртено накај тебе, со раката ја придржуваш кичмата. Ќе ти пратам ако сакаш цел документ за да можеш поубаво да разбереш. Третото можеш да мешаш вкусови, не мора чисто да даваш. Со оброк почнуваш еден месец од кога си почнала со вкусови.
Ве молам за предлог за вечера (без глутен). Палента и овошје (со житарици) давам за доручек, зеленчук и месо за ручек. Фала