Го купив шишенцево за вода.... пишува над 6 месеци но тука Здола што значи тоа 4+? Дали е убаво шишенцево да почнам да го учам бебето од 6 месеци да пие вода од ова шише? Зошто шише со босак до сега како што пробував не знае, цуцла нема можеби и затоа не знае, му давам водичка со лажиче за сега....што викате вие?
Ова мислам е рано за 6+, 4 па ептен. Моето тек сега од скоро 9м повлече од цефка па уште се дави. Многу голема голтка е.
Што би ми препорачала какво шише за вода што би можело да пие да го привикнувам? Затоа што како што кажав шише босак не знае да цица, цуцла нема не сакаше, на доење е....
Пробај ти да повлечеш од цевката да видиш дали надоаѓа многу. На авент шишето со цевка има многу слаб проток, ако и оваа е такво добро е за од 6 месеци. Ако не е, моја препорака авент, малото со рачки 6+ што е
Дуњи, калинки и костени од кога се воведуваат? Барем тоа што ми текна дека следно може да го има на пазар. Калинка планирам како сок т.е цедена и во каша додадена. За друго немам смислено. Исто и лимон и портокал од кога? И дали и тие само сокот цеден или парченца варени, па блендирани?
Моево научи со цефче ама тешко, стискав да осети да повлече па да се напие. Земав сет еден за хранење од силикон и имаше чашка со цефче и стиснав да му дојде водичка, да осети, да повлече и така. Едвај. Иначе од шише со поголем отвор научи.
Дали кравјо млеко може да се дава во оброци на бебе 13 м или за пиење чат-пат? Кравјо кисело млеко и јогурт имам дадено до сега. Например со бисквити или со чоколино, некои слични каши, гриз?
Евентуално тие со овес и банана, гмечиш банана, мелеш овес, додаваш ако сте вовеле жолчка, мешаш и печеш. Е не се баш бисквити ама најблиску е до тоа што бараш.
Јас вчера прв пат дадов со бисквити. Дали е правилно не знам ама решив веќе да почнам да давам, пример и палачинки му правам со кравјо. За пиење секако уште многу ќе терам со ад
Сега земав прв пат Лобело, дали и како ќе ги давам не знам. Вечер планирам со малку ад да ги дадам. Јас ад давав првите денови 2-3 пати и толку, не дадов повеќе, немаше потреба, ама се потроши тоа од фрижидер пошто чоекот си пиеше по 200мл секој ден и сега ќе давам место мајчино. Земав на Бејбилав.Со оглед на нетолеранцијата и алергијата на бато не давам кравјо чисто, само ферментирано.
На педијатар.мк најдов рецепт со 100гр путер, една банана и 200гр.пченкарно брашно не е тоа многу путер и наместо пченкарно дали може спелтино да ставам овие органски брашна се прескапи.
јас давам лино бисквитки, ама благи се доста, давав лобело и хип кога беше помал ама реално ми се скапи па преминав на овие.